Ивица Тодоров: ПАТРИОТИЗАМ, таков, каков што треба да биде!

admin

Статус на отец Ивица Тодоров:

„ПАТРИОТИЗАМ, таков, каков што треба да биде! ПАТРИОТИЗМОТ, тоа ви е едно од својствата на љубовта – затоа и тешко се разбира и уште потешко се остварува во пракса! Но без него ни нашиот помал дом (семејството) ни нашиот поголем дом (народот/ државата) ќе немаат ниту темел, ниту заштита, ниту смисла, ниту вредност, ниту оргиналност, ниту препознатливост, ниту извесност, ниту спокој, ниту напредок, ниту РАДОСТ, ниту СИЛА, ниту ЖИВОТ!

ПАТРИОТИЗМОТ или родољубието, домољубието е љубов до дејство – затоа што ПАТРИОТИЗМОТ е грижа и заштита и помош и разбирање и поткрепа на оние околу тебе што ти се блиски по крв, по јазик, по вера, по порив заедничкиот ДОМ (народот/ државата) да напредува за добро и радост на сите кои се ВО НЕГО, но и на оние кои се надвор од него!

ПАТРИОТИЗМОТ, како љубов во дејство е МОРАЛНА ВРЕДНОСТ! Затоа, ПАТРИОТОТ не смее да биде лажлив манипулатор или крадлива ситна душа! Тој не смее во името на највисоките вредности на народот – ДА ГО УНИШТУВА, МАНИПУЛИРА ИЛИ КРАДЕ ТОЈ ИСТ НАРОД!

ПАТРИОТИЗМОТ ги бара и ги препознава како свои чеда зрелите, моралните и мисловно силните личности! ПАТРИОТИЗМОТ се пројавува преку визионерите и преку оние кои разбираат која е силата на ТИМСКИОТ/ СОБОРНИОТ дух и пристап!

ПАТРИОТИЗМОТ е туѓ за тоталитерните насилници и овчедушните немислечки групи и орди! ВИСТИНСКИОТ патриот својата љубов, одговорност, но и творечки порив кон својот народ ја разбира како ЖРТВА, како ДАР, како порив за ДОБРО И ПОДОБРО!

ВИСТИНСКИОТ ПАТРИОТИЗАМ е КРСТОНОСЕЊЕ! Затоа што вистинскиот патриот го носи и срамот и неуспехот, но и доблеста и славата на својот народ и држава! Ги носи и поразите и победите! Го носи својот крст или го распнуваат на истиот затоа што знае дека ЕГОТО и СЕБИЧНОСТА треба да УМРАТ за ЖИВОТОТ, ВИСТИНАТА, ПРАВДАТА и НАПРЕДОКОТ да ВОСКРЕСНАТ!

Патриотизмот е како ЉУБОВТА! Некои го разбираат и го живеат, а некои само се повикуваат на него за идеолошки, популистички или прагматично да швалерисуваат со наивниот народ!

Како што и во погрешно разбраната љубов има патологија, односно болно манифестирање, така и во погрешно разбраниот патриотизам има омраза, насилство, умислена нереална вредност, комплекс, профитерство, демонизам. . .!
Но, тоа драги мои не е ПАТРИОТИЗАМ туку неговата темна сенка која се вика ШОВИНИЗАМ или ФАНАТИЗАМ!

Тенка е границата помеѓу ЉУБОВТА и омразата, помеѓу ПАТРИОТИЗМОТ и шовинизмот! Мудрите и зрелите души ја распознаваат и внимаваат да не ја поминат, а глупавите, манипулативните, овчедушните и острастените души ја преминуваат за на тој начин да го извалкаат ПАТРИОТИЗМОТ исто онака како што многумина со омразата ја валкаат ЉУБОВТА!

Но, ЉУБОВТА не се валка со омраза, затоа што оној кој мрази НЕ РАЗБРАЛ ШТО Е ЉУБОВ! Така и ПАТРИОТИЗМОТ не се валка со шовинизам, фанатизам или екстремизам, затоа што оној кој мрази НЕ РАЗБРАЛ ШТО Е навистина ПАТРИОТИЗАМ!

ПАТРИОТИЗМОТ Е ЉУБОВ, но љубов мудра, силна, храбра, решителна, длабока, градивна, интелегентна, визионерска, полезна, широка, добра и од БОГА БЛАГОСЛОВЕНА!“

Loading...
Next Post

Даме Чкатроски: Што му фали на Зоран Заев?

Статус на Даме Чкатроски: Што му фали на Зоран Заев? Смелост.Не,никако.Стратегии за државата, од секогаш.За партијата?Не,не му фалат.Добра анализа? Не, не му фали. Значи нити една од овие фали или нефали (не фали) не се приоритет да се остане на власт. Тогаш ,што му фали на Зоран Заев? Зоран Заев својата перцепција за […]