Ја закопал сопругата, а таа му ДОШЛА на врата по 15 дена: Човекот доживеал ШОК, не можел да се соземе!

admin22
loading...

Сопругата пристигна дома доста лута

Мутијала Гадаја го пог реба телото на својата сопруга Гиријама (70) на 15 мај, за која се веруваше дека починала од Ковид во болница во Андра Прадеш, Индија.

Тој во солзи се прости од сопругата, а две недели по пог ребот, семејството одржа панихида. Следниот ден, на 2 јуни, сите останаа шокирани – сопругата на Мутиал и нивниот драг братучед се вратија дома.

Според медиумите, жената била примена во општата болница на 12 мај поради симптоми на Ковид.

Нејзиниот сопруг добил дозвола да ја посети, но кога дошол во болница на 15 мај, таа не била на одделението. Сестрите му рекле дека состојбата и се влошила и дека починала.

Работата да биде уште полоша, му предале завиткано женско тело во мртовечницата, за да може да ја погреба својата сакана сопруга во родното село.

Скршениот Мутијала телото го пренесе во селото. Плашејќи се да го одвитка телото за уште некој да не се зарази, ја погреба сопругата истиот ден.

Тоа не беше крајот на неговата несреќа. Неколку дена подоцна, на 23 мај, добил вест дека неговиот син Рамеш (35) починал како последица на Ковид во болницата Камам.

Семејството во тага и очај решило да организира панихида за двајцата за гинати на 1 јуни, но еден ден подоцна на вратата од куќата се појавила Гиријама.

Гиријама пристигнала дома доста лута, бидејќи не само што нејзиниот сопруг престанал да ја посетува, „туку не ни удостоил да дојде и да ја земе откако таа излегла од болницата“.

Старицата дала 3.000 рупии за да може да се врати дома.

Loading...
Next Post

Доцна во ноќта се огласи Никола Груевски и распали по својот најблизок соработник, Мартин Протоѓер

Поранешниот шеф на кабинетот и некогашен најблизок соработник на Никола Груевски, Мартин Протоѓер, во случајот „Плацови на Водно“ сведочеше дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ лично му кажал оти купил плац од 10.000 квадратни метри. – Мене ми беше невообичаено бидејќи околу 2012 година ми спомна дека земал некое […]