„Јас сум единствениот пациент во Крагуевац кој ја победи короната без лекови“ – младиот боксер го „нокаутираше“ вирусот

admin22
loading...

Младиот Паве Секуловиќ испратил моќна и емотивна порака до сите луѓе во светот.

Младиот Боксер, Паве Секуловиќ од Параќин, се вратил во Србија од Шведска, а дека е позитивен на коронавирусот утврдено било на 18-ти март.

Сега повеќе не покажува симптоми на опасната болест, а докторите од клиничкиот центар во Крагуевац се шокирани од брзнината на неговото закрепнување.

„Го победив коронавирусот и целосно сум здрав веќе со денови. Одржав ветување дека ќе ме памтите како ‘првиот излечен’, а не како ‘првиот заразен’ во Параќин. Затоа што закрепнав во рекордно време, докторите сè уште не смеат да ме тестираат затоа што потребно е да помине одредено време од првиот до вториот тест, па затоа за нив не сум ‘официјално здрав’. До повторното тестирање сè уште сум затворен во строг карантин во Крагуевац со останатите пациенти кои што се позитивни на коронавирусот.

Јас сум единствениот пациент во Крагуевац кој што ја победи короната без лекови и кој тренира во соба полна со болни лица секој ден“ – напишал тој на социјалната мрежа Инстаграм.

Loading...
Next Post

Не цела администрација, само функционерите ќе земаат минималец

Минимална нето плата од 14.500 денари во април и мај ќе добијат сите функционери на државно и локално ниво, со исклучок на именуваните лица во здравтвмиот сектор, како дел од вториот сет економски мерки што ги објави денеска Владата, но таа мерка нема да се однесува за администрацијата на која […]