Јелена и Новак биле пред развод дури три пати: Еве кој го спасил бракот на Ѓоковиќ

admin22
loading...

Новак и Јелена Ѓоковиќ се во брак нешто повеќе од 7 години, а за предизвиците кои ги носи бракот со познатата тенисерска ѕвезда Јелена зборуваше во емисијата „Ко сам теби, шта сам себи“.

Јелена, помеѓу останатото зборуваше дека долго време ѝ требало да се прилагоди и да сфати дека живее со „исторска личност“ и да се пронајде себе во тој брак.

Ја знаеме како сопруга на најпознатиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а сега говори за сите предизвици и проблеми со коишто се соочува како неговата поубава половина. Таа вели дека секоја препрека со којашто ќе се соочиме само нè прави посилни.

Како што вели и таа и Новак се мошне страсни личности поради што често имаат несогласувања. Вели дека во моментов е посветена на мајчинството, а нејзиниот сопруг сака да остане активен:

„Тој сака да патува, да прави сè и сешто, а јас морам да го предупредам дека имаме две деца и дека мора да се приспособиме“ – вели Јелена во интервју за story.rs.

Таа вели дека не сака да прави нешта само затоа што мора да ги прави и затоа што нема избор. Посочува дека сега работи на сопственото тело затоа што сака да има енергија за да живее со насмевка и со цел.

„За Новак научив дека е сјаен во водењето сметка за себеси. Некогаш мислев дека тоа е себично, а сега сфаќам дека не е, дека тоа сите треба да го правиме. Уште учам како да водам сметка за себеси. Дури откако ќе се погрижиме за себеси имаме што да им понудиме на другите“ – вели таа.

Јелена заврши високо образование во Италија, а потоа се стекна и со магистратура и докторат во Монако. Таа и Новак се во брак од 2014-тата година, а заедно имаат две деца, синот Стефан и ќерката Тара.

Според пишувањата на медиумите, Јелена го оставала Новак дури три пати, односно помислувала на тоа, а во пребродувањето на кризата во бракот им помогнала ни помалку ни повеќе, туку мудроста на Дијана, мајката на Новак.

„Јелена никогаш не помислуваше да замине засекогаш, но имаше фази кога повеќе не можеше да се носи со падовите и периодите кога Новак се повлекуваше во себе, и не можеше да пронајде излез“ – започнува изворот за „Скандал“ и додаде:

„Покрај куќата, децата, брачните обврски, водењето на фондацијата, работата, јавноста, над глава ги имаше и подемите и падовите на Новак, но и повредата на лактот, а тогаш им беше најтешко. Во тоа време имаше низа порази и многумина го критикуваа.

Новак се повлекуваше во себе, не знаеше како да се избори со притисокот на јавноста. Јеена се обидуваше да го подигне на разни начини, зборуваше со него со денови и ноќи, барајќи начин да го врати на патот на успехот, но тој тогаш немаше сила. Тоа ја погоди, па за да го тргне од тоа, почна да му зборува дека ќе замине и дека нема да се врати додека повторно не стане стариот Ноле“.

Изворот исто така откри кој помогнал во тоа бракот на Новак и Јелена да опстане и покрај сите проблеми.

„Дијана го почувствува тоа на време, па беше клучна во решавањето на проблемите. Многу и помагаше на Јелена околу децата и другите обврски, но и секојдневно ја бодреше. Низ солзи ѝ повторуваше: „Ајде, не паѓај, мораш да издржиш, на крајот сѐ останува на нас жените.

Само биди покрај сопругот и ќе биде сѐ во ред. Жената е столбот на семејството, ако таа падне, паѓа сѐ. Замисли ни што сѐ морав да поминувам додека уште бевме подстанари и морав да се занимавам со сопругот и децата и да се борам за да преживееме, окупирај се со тоа да го одржиш семејството на куп и сите заедно да ги поминете овие тешки моментите“.“

За среќа, Јелена ги послушала советите на Дијана, а подоцна и самиот Новак во еден документарец истакна дека само Јелена го спасила и го натерала да стане и да се насочи кон природата, мудрите мисли и верата.

Јелена успеала да го промени начинот на размислување на Новак, да го зајакне психички, и сега се заедно, откако успеале да надминат сѐ и да станат посилни од било кога.

Loading...
Next Post

Февруари е месец на најголемата среќа за овие три знаци на Зодијакот!

Бик Ништо и никој нема да може да ве спречи да итате кон своите цели во февруари. Упорноста и професионализмот ќе ви донесат успех на деловен план. Однесувајте се дипломатски кон своите претпоставени и не дозволувајте ништо да ве испровоцира. Не заборавајте дека тие ја ценат вашата способност. Овој месец, […]