Јелена Карлеуша се огласи на Инстаграм: Конечно добра вест!!

admin22
loading...

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ со денови е во центарот на интересирањата, бидејќи пејачката за Божиќ го пријави сопругот за семејно насилство.

Многумина се запрашаа дали популарниот пар ќе го заврши бракот со развод, или ќе успеат да ја надминат моменталната криза.

Во случај на развод Јелена би можела да добие голема количина пари, толку што не би морала да работи до крајот на животот, судејќи според цифрите кои се спомнуваа во медиумите во текот на претходните години.


При развод се дели се што е стекнато за време на бракот, а Тошиќ заработувал енормни суми после стапувањето во брак со Јелена.

Прво играше за репрезентацијата на Србија, за потоа да помине во Црвена Звезда, а потоа и во турскиот клуб Генчлербирлиги.


Покрај останатите клубови, Душко најголемиот успех, како и заработка ги оствари во турскиот клуб Бешикташ, во кој играше од 2015 до 2018.

Според медиумите, за овие три сезони во познатиот клуб Тошиќ заработувал 1.250.000 евра годишно, што е зголемување во однос на дотогашната заработка од 900.000, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран меч.


После големиот успех во овој клуб, Душко премина во кинескиот Гуангџоу, каде бил уште по платен. Имено заработувал 5.800.000 евра по сезона, со што стана најплатен српски фудбалер.

Ако се собере се, Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил околу 18 милиони 750 илјади евра. По таа претпоставка на Јелена би требало да и припадне половина од таа сума, што изнесува околу 9 милиони евра.


Освен парите во игра за делба се и недвижнините и автомобилите, а Душко би требало да плаќа и алиментација за ќерките, доколку децата и припаднат Јелена.

Хаосот што настана на Божиќ, кога Јелена Карлеуша го пријави Душко Тошиќ во полиција за насилство, полека стивнува.


Пејачката која викендов настапува во Дубаи има желба со неа да замине во потоплите краишта и спортистот за да се обиде на патувањето да ја зачува брачната заедница. Ова за Курир.рс го потврдил нивниот заеднички пријател, кој инсистирал на анонимност.

Овој пат причината за огласувањето на Јелена на социјалната мрежа Инстаграм е од позитивен карактер.


Имено, дивата најави дека ќе настапи во престижен клуб во Дубаи. Ова ќе и биде првпат да настапува пред публика таму.

На истото место пред неа концертот го одржаа големи светски ѕвезди.

– Концерт во Дубаи, 21 јануари. Да појасниме, наместо 14-ти, како што првично беше најавено, настапот беше одложен само 7 дена подоцна за да се исполнат сите технички услови – соопшти ЈК.

Loading...
Next Post

ЕДЕН ЧУДЕН СИМПТОМ на омикрон сојот е ПОСЕБНО АЛАРМАНТЕН, ако го приметите кај вас - веднаш одете на доктор!

Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон. Вчера беа евидентирани 1.822 нови случаи на Ковид-19, од направени 7.123 тестови. Регистрирани беа тројца починати, а 668 оздравени пациенти. Активни се 13.478 случаи. […]