Јована Балашевиќ не може да го прежали заминувањето на татко ѝ: Таа објави трогателно видео и порача колку го сака! (ВИДЕО)

admin22

Јована Балашевиќ се потсетила на моментите со татко ѝ

Со ненадејното заминување на познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина на 19 февруари, најтешко се помируваат неговите најблиски – сопругата Оливера и нивните три деца, синот Алекса и ќерките Јелена и Јована.

За тоа колку им недостасува сведочат и објавите на социјалните мрежи. Јована се потсетила на трогателни спомени во детството, поточно на нејзиното гостување во една емисија во кое открива дека Ѓоле бил супер татко и дека покрај сите негови улоги, најмногу го сака „тато како вистински татко“, односно дека татко им уживал да поминува време со нив.

Колку овој спомен ја потресол Јована покажува и нејзиниот плач што се слуша во позадина на видеото што го објавила.

За тоа колку Ѓоле бил приврзан и посветен на своите деца зборува и фактот дека направил тетоважа посветена на Јелена, откако доживеала тешка сообраќајна несреќа.

„Не сум тип што се тетовира. Но кога Јелена доживеа тешка сообраќајна несреќа, се водеше голема битка за нејзиниот живот. Сè беше против нас и се чинеше дека таа никогаш нема да застане на нозе. Беше квадриплегична и не можеше да движи ништо освен вратот повеќе од еден месец, ни малиот прст на раката или ногата… И ние седевме така покрај неа и таа кажа: ‘Ајде да се обложиме… Кога ќе излезам од болница мораш да направиш нешто што никогаш не би го направил’“, раскажувал Ѓорѓе.

„Се согласив и таа ми кажа: ‘Мораш да ја избричиш главата и да се тетовираш’. Знаеше дека тоа никогаш не ги направил, за среќа не се сети на присинг, бидејќи сега веројатно би пеел со некоја обетка. Бричењето на главата не беше никаков проблем, бидејќи природата веќе се имаше погрижено за половина од работата. За тетоважата отидов кај еден мој другар кого го познавав од гимназиските денови, тој има свој салон за тетовирање со сите оние знамиња од Југот, Конфедерации, сè е во фазон на стрип“, раскажал музичарот своевремено.

Ѓорѓе Балашевиќ почина од последиците на воспаление на белите дробови. На погребот на Градските гробишта во Нови Сад присуствувале само членови на семејството. Тамбураши ги свиреле неговите легендарни песни на гробиштата, меѓу кои и „Оливера“, која ѝ ја посветил на сопругата, неговата животна љубов и инспирација.

Loading...
Next Post

После 35 години брак и две деца, полудев: Оставив сè и најдов помлада жена! Првите две недели бев како крал, но подоцна...

Кога човек ќе полуде на стари години… “Мојата сопруга и јас живеевме во брак цели 35 години. Заедно поминавме многу. Имаме прекрасни деца, син и ќерка. Двајцата се вработени и среќно венчани – сето тоа благодарение на мојата сопруга, која вредно работеше на нивното воспитување сите овие години. После пензионирањето, […]