Јована и Жељко Јоксимовиќ на чекор до развод: Како згасна љубовта?

admin22
loading...

Пејачот Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована Јосимовиќ се заедно цели 14 години, а во бракот имаат и три деца.

Нивната љубовна приказна започна во 2008та година, а се запознаа службено како водителски пар на домашната „Евровизија“. Одтогаш важат за еден од најскладните парови на балканската сцена.

Среќата не го следи српскиот кантавтор само на сцената, туку и дома. Во октомври во 2017 година, тој и неговата сопруга, водителката Јована Јанковиќ ги добија близначките Ана и Срна. Нивниот постар син Коста има пет години. Жељко е татко и на 23 годишната Мина.

Loading...

„ Коста многу убаво реагира на сестричките. Ги чува, помага околу хранењето, пресоблекувањето. Сака да учествува и да покаже дека е голем батко кој може да се грижи за нив.

Се разбира, се трудиме вниманието рамномерно да го распределиме на децата, и да не се врти сè околу близначките, затоа што Коста е сè уште мал. Во секој случај, весело ни е. Журката е главно во текот на појадокот, тоа треба да се доживее.

Тешко ми е да раскажам. Денот поминува брзо, ноќта нешто побавно, но сите сме многу среќни и добро организирани“, изјави Јокисмовиќ за своето семејство во претходно интервју за Женски магазин.

За неговата сопруга Јована, тој додава дека со три деца дома таа се снаоѓа многу подобро отколку што тој можел да претпостави.

„ Јована има помош од бабите и се снаоѓа некако. Јас се наоѓам исто така, и помагам што и да треба. Сакам да се занимавам со деца и уживам со нив. На почетокот беше комплицирано, околу капењето, пресоблекувањето, хранењето, заспивањето.

Едното само што ќе заспие, другото ќе се разбуди и обратно. Но, сега сме во фаза кога веќе влеговме во шема. Мина го обожава Коста и сестрите, а љубовта е обострана, тоа можам да ви го кажам. Коста многу сака да поминува време со неа, а и Ана и Срна убаво реагираат. И се насмевнуваат, сакаат кога таа им пее, си игра со нив. Има ли поголема среќа?“, сподели пејачот.

Но како и во секоја долга врска или брак, и тие имале искачувања и падови. Па овојпат за прв пат проговорија за периодот кога биле пред развод.

Имено, по 3 години врска, и само две недели откако тој ја запроси, Јована излезе во јавноста со информацијата дека се разделуваат, а како причина го наведе тоа дека нивната љубов сама згаснала и повеќе немале чувства еден за друг.

Сепак, по само два месеци од раскинувањето, она што го нарекоа згасната љубов, испадна дека е пламен,кој успеа да им одолее на сите предицзвици и притисоци.

Денес парот си живее среќно и хармонично и се чини како да им „цветаат ружи“ и приватно и службено и на двајцата.

Loading...
Next Post

Aлександар Вучиќ открива: Што бараме од Македонија? Само ДВЕ РАБОТИ – еве кои

Државјаните на Србија, Албанија и Северна Македонија ќе можат да се вработат во некоја од земјите членки на „Отворен Балкан” со добивање Идентификациски (матичен) број на Отворен Балкан”, без какви било дополнителни административни процедури, јави дописникот на МИА од Белград. Регионалната имплементација на договорит е со кои се регулира слободниот […]