Како ме „насанкаа“ за невеста од Албанија – Уште не можам да си поверувам

admin3

Договорените бракови помеѓу Албанките и ергените од целиот Балкан постојат долго време, а сега постои и агенција за посредување преку интернет. Преку групата „Албанки за мажење“ на „Фејсбук“ голем број на Срби, Македонци, Босанци и Хрвати ја пронашле својата сопруга.

Од агенцијата за српски „Курир“ велат дека мотивот на младите Албанки за мажење е пред сè за бегство од сиромаштијата, а најчестиот мотив на српските мажи е што не можат да најдат соодветни сопруги за себе.

Албанките се патријахални и „роб-инки на домот“, велат од агенцијата.

Од агенцијата за весникот информираат дека досега договориле 82 брака, од кои 46 за државјани на Србија, а останатите за мажите од останатите бивши југословенски републики.

Во најголемиот број на случаи, нивните клиенти одат во Албанија и сами ги бираат жените и девојките со кои агенцијзата склучила договор за пронаоѓање на сопруг.

Тоа е евтината варијанта која чини околу 1.000 евра, а постои и можност невестата да му биде донесена дома на идниот сопруг и таму да остане 10 дена на проба, по што мажот одлучува дали таа останува или не. Таа варијанта чини околу 2.000 евра, наведуваат од агенцијата.

Социјалниот психолог Весна Томиќ вели дека склучувањето на вакви бракови постоело отсекогаш, но сега е во пораст поради тоа што многу луѓе, особено жените, ги напуштаат селата.

Без неколку илјади евра нема да може да со ожените, и да земете невеста од Албанија.

Посредувањето за невести од Албанија за мажи од Балканскиот регион не е некој новитет, а за ваква солуција во љубовниот живот најчесто се одлучуваат ергени од руралните средини каде е потешко да се најде девојка заради слабата населеност.

Заинтересираните младоженци прво добиваат слики од околу 500 девојки, а од нив бираат неколку кои на прв поглед им се допаѓаат. Потоа треба да пополнат формулар за имотната состојба, дали можеби имаат деца, по што се договара патување во Абланија. Кога таму младоженецот ќе се одлучи за една, се договара состанок со целото нејзино семејство.

На тие средби со целото семејство знаело да има и расправии и повишени тонови, особено ако таткото гарантира дека девојката е нев-ина, а потоа се покаже дека не била. Тогаш настанува вистински хаос бидејќи младоженецот се чувствува оштетен, а парите веќе ги дал.

Цените на услугите на агенциите варира од 3 до 6 илјади евра во зависност од тоа што бара младоженецот.

Неколку мажи од Црна Гора биле измамени, откога платиле за невести а не ги добиле. Еден маж, кој сакал да остане анонимен, поради тоа што се срами, тврди дека дал 2.500 евра за невеста од Албанија која никогаш не ја видел.

-Би сакал да ги прдупредам сите кои ќе се одлучат на ваков чекор, да бидат многу вниметелни, за да не им се случи истото-предупредува овој човек.

-Многу од моите соселани се оженија со невести од Албанија и сите се многу големи домаќинки, па затоа најдов посредник за да го направи истото за мене. Надов посредник, кој побара 3000 евра за да му плати на семејството.

Му дадов само 2.500 евра зошто само толку имав, а остатокот требаше да ми го дадам откако ќе ја заврши работата. Ми донесе фотографија од потенцијалната невеста, ми се допадна па тргнавме да ја земеме.

Кога отидовме таму нејзиното семејство, ми покажа друга девојка, која бешѓе многу постара и очигледно со хендилеп, наводно девојката која јас ја избрав била кај некои роднини во друг град. Па се договоривме да одам пак за два недели- рекол тој

-Во меѓувреме ми се јави посредникот, и ми кажа дека семејството било многу навредено, и дека нема да ми дадат невеста, и нема да ми ги вратат парите, па ми бараше уште пари за да ми најде друга невеста, но несакав зошто веќе изгубив доверба во него- рекол човекот.

Друг маж пак дал 10.000 евра за невеста и патувал 8 пати до Албанија, а невеста сеуште нема.Тој се сомнева дека ова е поврзан ланец на измама.

Сакал да се обрати на Поли-цијата, но така би изгледало како да се работи за бело ро-бје, па се предомислил.

Loading...
Next Post

Лазар Бараков и во ова време - невреме го фати авионот за Германија - имаше силна причина

Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца. Лазар во едно интервју открива исто така дека никогаш со сопругата не се мешале во желбите на нивните деца и дека секогаш […]