Како само му текнало – еве каде ги сокрил парите Веља Невоља

admin

Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кои беа уапсени во февруари, закопале големи количини пари во погребални сандаци и ковчези на непознати локации.

Како што открива извор на истрагата, двајцата организатори на кланот лично ископале дупки за другите да не ги знаат локациите каде ги кријат парите!

За време на апсењето, кај членовите на групата не беше пронајдена голема сума пари,но не толку голема колку што се очекуваше. Беливук имаше кај себе нешто повеќе од 30.000 евра. Ова веднаш создаде сомневање дека парите биле скриени – открива извор од истрагата.

За време на истрагата, беше откриено дека Беливук и Миљковиќ ги закопале парите на локации во Србија што практично ги знаат само тие.

Купиле ковчези за погреб, како и обични ковчези, а парите ги ставале во пластични кутии, стаклени тегли и најлонски вреќи, за да не бидат оштетени, а потоа закопале сè во земја.

Од друга страна, тие се погрижиле да не ставаат пари во метални контејнери, бидејќи тие лесно се откриваат со детектор за метал. Засега само претпоставуваме за колку кутии и за колку пари се работи, вели извор близок до истрагата.

Поранешниот шеф на полицијата во Белград, Марко Ницовиќ, рече дека верува оти кри мин-алната група скрила големи количини пари според „италијански рецепт“ затоа што „ма фи-јата не може без кеш пари“.

Поранешниот оперативец на ДБ, Божидар Спасиќ, исто така, потврди дека не е невообичаено маф иј- ашите да кријат пари на овој начин.

Парите се спакувани во стаклени тегли или контејнери, а потоа се закопани на тајни локации. Така, банкнотите не можат да се навлажнат и да се распаднат по некое време под земја.

Според моите информации, парите биле закопани на локации на периферијата на Белград, кои Беливук претходно ги купил, но и на планината Рудник, каде на 4 февруари беше уапсен Веља Невоља, изјави Спасиќ за медиумите.

Целиот текст прочитајте го на воцентар.ком

Loading...
Next Post

Добил решение за изолација, наместо тоа, седнал во кола и тргнал за Швајцарија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против 44-годишен гостиварец кој го сторил кри вич-ното дело: Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и на Основниот суд Гостивар му предложи на обвинетиот да изрече […]