Kaте “Нели ти pekов” после 18 години проговори околу шпекулациите за нејзиниот сопруг

admin22

Кате Танева, “Нели ти реков” е присутна на нашата музичка сцена повеќе од дваесет години.

Испеа многу хитови, меѓу кои најпознат е “Запри дожду”, а има учества и на најпознатите фестивали во Република Македонија, од кои највпечатливи се настапите на Валандово.

Денес Кате е сопруга и мајка. Таа со семејството живее во Скопската населба Припор, а неодамна, беше посетена од екипата на Канал 5, за чија утринска емисија готвеше прекрасен специјалитет.

Кате, освен пејачките способности, покажа дека одлично се снаоѓа и во кујната.

Во разговорот, Кате беше запрашана за дилемите и шпекулациите околу тоа дека нејзиниот сопруг е нејзин колега музичар. Еве го одговорот на Кате:

-Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи.

Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи.

Таа во интервју за Вечер.прес откри која Нова Година ќе ја памети засекогаш.

Во далечната 2011 година, Кате за новогодишните празници била во Австралија, каде од тага по своето семејство, олабела цели 8 килограми.

„Тогаш пеев во далечната Австралија, а таму во ова време во декември-јануари е топло лето. Мене тоа ништо не ми значеше, а сакам лето, тогаш како да го мразев само затоа што постојано ме мачеше пустата тага за враќање дома, да можев ќе ја прекинев турнејата и со првиот авион ќе се вратев.

Јас сум таков тип кој тешко се убедува да замине од дома, а не па во некоја си Австралија за која со право велат комшиите дека ни е од Балканот “Богу иза ногу“! Одвај ги издржав тие два месеци, скоро ќе полудев толку раздвоена од моите деца, од сопругот, од роднините, пријателките. Со саати висев постојано на интернет. Ноќите ми беа најстрашни.

Иако во Австралија кај домаќините ми беше преубаво јас ни еден ден немав насмевка на лицето. Како да имав постојано некои големи грижи, дури и 8 кила ослабнав од пуста тага за дома, а да имав некои грижи, навистина немав. Се насмеав прв пат после два месеца, токму на тој ден на аеродромот во Австралија, кога видов дека навистина се враќам во Македонија.

Домаќините не можеа да ми се изначудат. Јас не престанував да се смеам. Како некој да ми раскажуваше вицови. Таква сум си, не можам да се сменам…

Кога најпосле слетавме во Скопје јас бев уште посилно насмеана, пресреќна кога ме пречека мојот сопруг, па кога ме виде тој на шега ми забележа: „Многу си ослабела, јас пак ќе те пуштам во таа Австралија“. Ох, не, си реков онака повеќе за себе. Толку долго раздвоена од моите најмили, од родната земја, никогаш повеќе“, раскажа Кате за Вечер.прес..

Loading...
Next Post

Филипче пред малку директно им одговори на ВМРО ДПМНЕ за преговорите со Бугарија

Американскиот претседател Џо Бајден најави санкции за непочитувањето на Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор. Тоа предизвика низа реакции кај македонската јавност, а се огласи и министерот за здравство, Венко Филипче. „Тоа е само показател дека сме во фокусот на САД. Важно е да се знае дека и Западниот Балкан е […]