Кога била многу млада, таа го загубила сопругот, и никогаш не сакала да се премажи

admin
loading...

Таа е легенда на македонската фолк-сцена, Блага Петреска, една од највеселите и најпозитивните пејачки кај нас.

Публиката затоа ја сака и успешно опстојува со години. Блага не често се појавува на фестивали и настани, но, кога ќе се појави, секогаш е средена и елегантна.

Но, веселата пејачка има една животнма тага со која таа многу храбро се носи. Кога била многу млада, таа го загубила сопругот, и останала сама да се грижи за децата.

Блага никогаш не сакала да се премажи. Исто така, во јавноста никогаш не се појави со нов партнер, туку им беше посветена само на децата.

„Мене ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца затоа што тие многу го сакаа татка си.

Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна. Децата се гордеат со мене и јас со нив.

Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор (Олег Кондраденко) диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија (Ана Кондраденко) која сега е права Македонка.

Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“, има изјавено Блага за „Свет Австралија“.

„Јас пеев секој ден уште како дете, а ако не запеев мајка ми знаеше дека имам некој проблем. Пеам постојано ама не мислев дека тоа ќе го пренесам на сите во светот каде што не има – МАКЕДОНЦИ.

Тоа е голем чест и дараба од Бога да пренесеш енергија и да допреш до најискрените чувства на слушателот. Тоа задоволство со никакви пари не се купува. Ништо не би променила“ вели Петреска во истото интервју.

Неодамна, Блага освои награда на фестивалот „Еврофест“. Блага доби награда Гран При. Таа испеа песна која според многумина е автобиографска и се вика „Свени ми, свени Невене“.

Но, освен Гран При, Блага ја наградија и за најдобрта интерпретација. За ваква песна и за вакво грло, тоа е заслужено. Низ оваа песна, таа си ја отвори душата.

Loading...
Next Post

Јулијана Здравковска продава станови и куќи на Македонци во Грција: Со купен имот од 250.000 евра се добива златна виза

Во последните години многу луѓе заминуваат  во различни краишта низ светот, за да ги исполнат своите соништа, по подобар живот и  зароботувачка. Различни реални приказани за живот,  работа, докажување… во туѓа земја, со сите тешкотии и предизвици кои ги носи. Една од нив е и приказната на Јулијана Здравковска, таа е  лиценциран […]