Кога младоженецот ја видел невестата како игра на ОВАА ПЕСНА, веднаш побарал РАЗВОД

admin22
loading...

Жените и девојките честопати страдаат од овие екстремно патријархални системи при што честопати се принудени на брак против својата волја, стануваат жртви на семејно насилство и злоупотреба и се лишени од правото за образование.

Според податоците на УНИЦЕФ, минатата година јужните провинции Мисан и Басра имаат највисока стапка на склучени бракови со деца. Во Мисан, 35 проценти од мажените жени во брак стапиле како тинејџери, додека во Басра тој процент изнесува 31.


Во овој регион често се спроведува обичајот познат како „Фаслија“, во кој жените се нудат за брак како помирување на две зав ојувани племиња или како надомест за штета.

Мнозинството население во Ирак е конзервативно, кое практикува племенски традиции и верски обичаи на територија од Багдад до најдалечните рурални средини.

Во општество кое брои речиси 40 милиони жители, племенските водачи ја носат тежината на носење одлуки за вработување, стапување во брак, па дури и гласање на избори за припадниците на кланот.

Тие честопати ги игнорираат институциите, затоа што племињата се водат според своите традиционални методи на медијација во решавање на спорови, наместо во официјалниот судски систем.


Младоженецот од Ирак се развел од сопругата за време на нивната венчавка бидејќи таа наводно танцувала на „провокативна“ сириска песна, а овој случај влезе во аналите како најбрза разводна постапка во земјата.

Еден човек од Багдад стави крај на бракот откако за време на свадбената церемонија беше пуштена песната „Месаитара“ на сирискиот пејач Ламис Кан, што значи „Јас сум доминантен“ или „Ќе те контролирам“, пишува Gulf News.


Во извештајот се додава дека чувствата на младоженецот и неговото семејство биле повредени откако невестата танцувала на сириска песна.

Откако две семејства се скарале поради „провокативна“ песна, младоженецот решил веднаш да се разведе.

Ова не е единствениот случај песната да доведе до развод на младенците.

Минатата година маж од Јордан раскинал со својата невеста откако таа нарачала песна со слична конотација.

Loading...
Next Post

САРА ГО ПРЕЛЕЖА ДЕЛТА СОЈОТ, А СЕГА Е ЗАРАЗЕНА СО ОМИКРОН: Ги спореди симптомите, и откри една важна работа!

Австралија најверојатно се приближува до врвот на бранот на коронавирус, во кој доминира омикрон варијантата, соопштија денеска властите, но предупредија дека дневниот број на заразени ќе остане блиску до рекордните нивоа и „во следните неколку недели“, откако се евидентирани повеќе од 100.000 случаи четврти ден по ред. Австралија претходно го […]