Кој е Садик Хасановиќ, и зошто се крена толку врева за неговите слики и песни?

admin22
loading...

Пред шест години, оригиналната група „Сателити“ стана позната на пошироката јавност по нивната песна „Фејсбук“.

Во тоа време, младиот Садик Хасановиќ, со само 13 години, со оваа смешна песна освои огромна публика.

Тој и неговиот татко и уште двајца членови беа дел од една од најпопуларните групи во БиХ, која изведува оригинална музика. Групата има снимено бројни песни, а Садик членува уште од дете.

Со музика започнал на десетгодишна возраст, со неговиот татко познат под прекарот Муто и неговата група.

Садик тргна на музички пат со надеж дека ќе го наследи својот татко, но како што порасна Садик повеќе се сврте кон народната музика, а откако учествуваше на натпреварот „Ѕвездите на Валентино“, Учествуваше и во „Ѕвезда може да бидеш ти“ натпревар каде успеа да победи.

По победата, тој започна да настапува и да гради кариера во народната музика.

Минатата година тој реши да се пријави на „Ѕвездите на Гранд“ и да ја изгради својата среќа и кариера преку ова музичко натпреварување.

Негов ментор на натпреварот беше Марија Шерифовиќ, а Хасановиќ се пласираше во финалето на ова престижно музичко натпреварување.

По последното шоу, Садик се најде во медиумски линч во соседна Србија. Имено, локалните медиуми започнаа потера против него поради фотографијата со команд антот Насер Ориќ, но и поради пеењето на песна која наводно зборува за ли нч на Србите.

– Се извинувам на секој човек ако сум повредил, навредил или направил некого да се чувствува лошо – објави меѓу другото Хасановиќ на социјалните мрежи.

Мрежите се вжештиле од коментари дека ова момче мора да биде каз-нет на некој начин, а некои дури порачале дека треба да му се забране влез во Србија.

По овој повод се огласил и бившиот член на жирито Аца Лукас.

– Имаме ние многу полоши кои пред него пееле на тие теми, а никој со прст не мрдна. Еве на пример Дино Мерлин.

Сега се крена толкава галам околу момчето кој тоа воопшто не го аслужува, уште повеќе што тој такви песни не пееше за време на натпреварот – изјавил Лукас.

Loading...
Next Post

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Доколку имате мака или проблем направете го ова

Утре го празнуваме споменот на Свети Наум Охридски – Чудотворец. Свети Наум Охридски е роден во првата половина на деветиот век. Сакајќи да ги следи чекорите на словенските браќа Свети Кирил и Свети Методиј се откажува од богатството и угледот и тргнува на пат кон својата цел. Свети Наум Охридски […]