Кој го пушти „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ пиратски на Јутјуб?

admin3
loading...

Документарецот „Медена земја“ кој завчера доби 2 номинации за Оскар, синоќа е пиратски пуштен на Јутјуб. Филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов на Јутјуб е постиран од извесен корисник со иницијали ЈП и веќе вирално се шири низ социјалните мрежи.

Светските дистрибутерски права за „Медена земја“ ги има американската куќа „Неон“, а филмот моментално е во понуда на стриминг гигантот „Хулу“.

„Пиратиран е филмот, секако. Реагирано е до Јутјуб, и ќе го извадат. Предупредувам дека секакво објавување на линкот од Јутјуб со пиратираниот филм е казниво со закон и ние соодветно ќе реагираме“, ни рече продуцентот Атанас Георгиев.

Loading...

„Медена земја“ испиша историја со тоа што доби номинација и во категоријата најдобар документарец и за најдобар странски филм, што досега не се случило во 92-годишното постоење на Оскарите.

„Неон“ е дистрибутер и на јужнокорејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо кој има 6 номинации за Оскар меѓу кои и за најдобар странски филм.

Loading...
Next Post

Мицкоски знае кој му помогнал на Груевски да избега-еве кога ќе ја каже вистината

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, одговори дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата. Мицкоски додаде дека во оваа држава има закони што […]