КОЈА Е ТАА: Стана министерка во новата Влада а на работа оди со велосипед

admin3
loading...

Пратеничката Стефоска, доктор по историски науки која со велосипед одеше на работа, е новата министерка за култура

Скопјанката Ирена Стефоска, 53-годишна, е новиот министер за култура, од редовите на СДСМ. Таа е доктор по историски науки, а беше и пратеничка и претседателка на собраниската Комисија за култура.

Стефоска во јавноста беше позната и по тоа што на работното место во Собранието доаѓаше со велосипед.

По две години, СДСМ го враќа ресорот култура под своја капа. Роберт Алаѓозовски како кадар на СДСМ ја врше функцијата министер за култура во периодот од јуни 2017 до мај 2018 година, а потоа стана Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.

Стефоска доаѓа на жешкото столче како министер за култура во време кога институциите од културата ја чекаат јулската плата, а синдикатите во културата, СКРМ и СОНК, испратија опомена пред тужба до Министерството за култура, поради прекршување на одредбите за плата од колективниот договор потпишан на 30.12.2019 г. и објавен во Службен весник бр. 10 од 16.01.2020 г.

Во време на пандемија на коронавирус, речиси 70% од програмата на институциите не е реализирана , уметнците и стручните лица се целосно блокирани во својата работа и своето творештво, библиотеките, театрите, филхармонијата и НОБ се уште се затворени , а голем дел од музеите и центрите за конзервација едвај функционираат.

Loading...
Next Post

Филипче: Вакцинирањето против Ковид-19 ќе биде бесплатно

Државата ќе издвои буџет и вакцинирањето против Kовид -19 ќе биде бесплатно, најави министерот за здравство Венко Филипче. Во интервју за „Слободен печат“ тој говори за актуелната ситуација со ковид-19 во земјава, за очекувањата за наесен и за најавите за набавка на оксфордската вакцина ,,Астра зенека” која ќе се користи […]