Конечно откриена вистината за мајката на Матеј Периш: Утеха најде во ОВА!

admin22
loading...

Телото на Матеј Периш денеска од црквата Свети Антониј во Белград ќе биде испратено во Сплит, каде што ќе биде погребан, соопштија од белградската надбискупија, јавуваат српските медиуми.

Медиумите потсетуваат дека вчера беше потврдено дека младиот човек чие тело беше пронајдено завчера во Дунав е Матеј Периш. Според Телеграф, ДНК-анализата докажала дека се работи за исчезнатиот граѓанин на Сплит. Причината за смртта е давење, покажала обдукцијата. Ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели, пренесуваат медиумите.

Неговото тело го извлекле морнарите завчера наутро околу 9 часот и 30 минути. Телото е пронајдено на местото наречено Ада Хуја, кое се наоѓа низводно на сливот на Сава и Дунав, кое неколку пати било детално пребарувано.

Претходно вчера српската полиција го појасни целиот случај.

„Министерството официјално соопштува дека со ДНК анализа на телото, кое вчера околу 9 часот и 20 минути беше пронајдено во Дунав, на Ада Хуја, е утврдено дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш (26), чие исчезнување беше пријавено кај белградската полиција на 31 декември минатата година“, соопшти српската полиција, пренесува Телеграф.

„Според прелиминарниот обдукциски извештај, смртта била ненасилна. Припадниците на министерството интензивно трагаа по него од пријавата за исчезнувањето на хрватскиот државјанин и ги преземаа сите мерки и дејствија за негово пронаоѓање и расветлување на сите факти и околности“, било потенцирано од страна на надлежните.

Хрватската амбасада во Белград во соработка со семејството и српските институции ќе ги заврши сите формалности и процедури неопходни за семејството на Матеј Периш да го преземе и да го пренесе неговото тело во Хрватска што е можно поскоро, изјавиле од амбасадата за „Хина“.

Таткото на Матеј ја повикал „Слободна Далмација“ од Белград.

Човек кој ќе изгуби некого, како што јас го изгубив мојот Матеј, има само една надеж, а тоа е да биде што е можно поблиску до него. Тоа ќе се случи еднаш, не знам кога, но ќе се случи. Ние мора да продолжиме да живееме овде на земја до некоја нова средба“, изјавил Ненад Периш за „Слободна Далмација“.

„Ништо не може да го подготви човекот за вакви вести. Денеска беше најлошиот ден во мојот живот, а надежта остана некаде како меур во воздухот. Го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит“, додал Периш.

„Барам јавноста да ја почитува нашата желба достојно да се простиме од нашиот Матеј во кругот на семејството. Ги молам луѓето и јавноста да го разберат ова и однапред им се заблагодарувам за разбирањето. Лично не одбивам никакво сочувство од никого , но едноставно сакам да бидам во мир и во мир да се збогувам со мојот син“, изјавил тој.

Матеј исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември. Истрчал од клубот каде последен пат бил виден, трчал низ белградските улици, се обидел да запре такси, а потоа, како што беше пренесено на одредени снимки, се спушта по скалите кон Сава. Но, не се гледа дека влегол во вода, пишуваат медиумите во соседството.

Не стивнуваат реакциите во целиот регион откако беше потврдено дека телото кое вчера беше пронајдено околу 9:20 часот кај Ада Хуја е на исчезнатиот Матеј Периш, 27-годишното момче од Сплит кое исчезна во Белград ноќта помеѓу 30 и 31 декември.

Ненад Периш, таткото на Матеј, неодамна проговори и за неговата мајка која не се експонира во медиумите.

Тој откри дека таа деновите ги поминува со молитви.

„Нејзе ѝ е најтешко. Таа ѝ се посвети на верата и секојдневно се моли. На сите им нагласувам дека јас не сум воопшто важен. Тоа што го правам би го направил секој родител на светот“, раскажа Периш.

Loading...
Next Post

ШТО СЕ КРИЕ ВО МОБИЛНИОТ НА МАТЕЈ ПЕРИШ Експертите откриваат какви податоци може да се зачуваат од телефонот што беше во Дунав 5 МЕСЕЦИ

Мобилниот телефон пронајден во џебот од панталоните на Матеј може да одговори на прашањето зошто младио човек од Сплит истрчал од клубот во кобната ноќ во маица, трчал по улиците па се спуштил до реката каде се удавил. Мобилниот телефон пронајден во џебот од неговите панталони, кога телото на Матеј […]