Кралот на народната музика во Бугарија, Aзис објави убави вести – Честитки пристигаат од сите страни ФОТО

admin22
loading...

Васил Тројанов Бојанов е роден во Сливен, но израснал во Костинброд и во Софија.

Тој доаѓа од богато ромско семејство. На 11 години оди во Германија, каде што заработува како шетач на кучињата на богатите луѓе.

Таму учи германски, а се раѓа и неговата сестра Матилда. Се обидува да се реализира како модел, но не се справува најдобро со модната писта. Во модната агенција се среќава Јулијана К’нчева, кој го поддржува и стануваат добри пријатели.

Една од неговите први изведби е со ансамблот “Роми”.Во широката јавност, ќе го афирмира Крум Асанов, продуцент на Сончев Музик. Васил оди кај него со својот прв албум со ромски песни. Асанов му дава шанса, бидејќи тој и самиот е Ром.

Неговиот прв албум, Азис го дефинира како полн со „боза песни“.Популарноста нагло му расте со вториот албум – „Мажите исто така плачат“. Во моментов тој има објавено над десет албуми.

На 3 мај 2005 година ќе биде избран за почесен претседател на “Евророма”, а ја предводеше и комисијата за култура.

Во летото 2005 година, тој се кандидира за пратеник, но не успева да влезе во Народното собрание.

Во 2006 година ќе ја издаде автобиографската книга “Јас, Азис”, напишана со помош на Вања Шчерева.

Во 2006 година Азис беше номиниран за учество во кампањата на Бугарската национална телевизија БНТ, “Големите Бугари”. На 5 август 2007 Азис станува татко на девојче – Раја Василева. Мајка на бебето е долгогодишната пријателка на фолк пејачот, Гала.

Последниве години важи за најголемата машка музичка ѕвезда во Бугарија, која според податоците на НАП, Азис пријавува приход од околу 1 милион лева годишно.

Кралот на народната музика во Бугарија – Азис стана татко по втор пат

Пејачот се пофали со добрата вест објавувајќи фотографија со бебето. „Да се ​​стане татко по втор пат на 44 години е благослов! Момче е“, напиша фолкерот.

Не е јасно која е мајката на неговото дете, но тешко дека тоа е Гала, која веќе има над 45 години. Можно е детето да е од сурогат мајка.

Азис има ќерка која за неколку месеци ќе наполни 15 години. Нејзината мајка е долгогодишна пријателка на фолк пејачот – Гала. Малата Раја е русокоса и синоока, што ги засилува гласините дека детето не го зачнал пејачот на „Хабиби“, туку е ин витро од донатор, пишува Lupa.bg.

Кралот на народот тврдоглаво ја крие Раја од медиумите и човечките очи. Познато е само дека девојчето е прилично образовано, добро и учи во најскапото училиште.

Loading...
Next Post

Ќе ве расплаче: Таткото на Матеј Периш за последениот разговор со синот

Веста дека Матеј Периш (28) исчезнал ноќта помеѓу 30 и 31 декември минатата година, му ја кажале пријателите на неговиот татко. Ненад многупати разговарал со нив, но до ден денес не дознал зошто Матеј ги оставил и го напуштил клубот „Готик“. Минатата недела Периш им ја соопшти веста од која […]