Крешник Бектеши пред малку соопшти убави вести поврзани со ефтината тарифа на струја!

admin22
loading...

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека во моментов се разгледуваат сите опции – дали треба да се продолжи кризната состојба или не, а меѓу другото, додаде и дека Министерството за економија предлага да нема дирекно замрзнување на цените, за кое вчера и премиерот Ковачевски посочи оти не е одржливо

Владата на денешната седница ќе го разгледа ребалансот на Буџетот, но ќе расправа и околу потребата од евентуално продолжување на кризната состојба, информира денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши апелира граѓаните да не стравуваат оти, како што рече, земјава располага со сите прехранбени производи во доволни количини.

„Во моментот Комисијата ги разгледува сите опциии – дали треба да продолжи кризната состојба или не, ако треба да се продолжи или тоа се предлага од институциите, тоа треба да го направи Собранието. Ние ќе предвидиме средства, тоа е наша обврска, да се подготвиме навреме ако продолжи кризата во Украина“, истакна Бектеши.

Според Бектеши, Министерството за економија предлага да нема дирекно замрзнување на цените, за кое вчера и премиерот Ковачевски посочи оти не е одржливо.

Министерот за економија повтори дека со ребалансот се предвидени кратења на трошоците во институциите за да има средства за креирање мерки кои би ги заштитиле граѓаните и стопанството.

Во врска со тоа дали антикризните мерки кои ги донесе Владата за справување со кризата, а кои траат до 31 мај ќе продолжат и натаму, вчера премиерот Ковачевски посочи дека во моментов Владата заедно со Министерството за финансии и во Министерството за економија прават анализи за тоа кои мерки ќе продолжат и по 31 мај, а кои мерки нема да продолжат и натаму.

Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Колкава ќе биде финалната цена по блокови, ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинствата, малите и микро претрајтијата.

-Финализиран е новиот модел на тарифирање од страна на РКЕ. Само треба да се одлучи од страна на Владата во делот на цената на ЕСМ што ќе ја даде за ЕВН хоум како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ.

Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претпријатија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови, информира Бектеши.

Бектеши потсети дека на регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претхоната година.

– Но, што направиле одредени фирми, за што е известана УЈП, отвориле други фирми или го намалиле бројот на вработени за да влезат на регулираниот пазар. За жал, тоа го направиле и одредени општини, рече министерот.

Loading...
Next Post

Последната порака на Матеј пред доаѓањето во Белград: Многу се радувал на оваа песна - најдобриот другар објави ПРИНТСКРИН (фото)

Матеј Периш од Сплит исчезна ноќта пред Нова година, кога само излета од клубот „Готик“ кон реката Сава, по што му се изгуби секаква трага. Неуморно се трагаше по Матеј повеќе од пет месеци. Никој не знае зошто го направи тоа. Сите веруваа дека е жив, се додека во медиумите […]