Кристијан: Не ме жалете, и не се нервирајте за банални работи

admin22
loading...

29-годишниот Кристијан Станковски од Аеродром отворено проговори за борбата со ракот и во негов стил со напис на картон прослави 1 година без рак. Браво за храбриот потег и моќната порака!

Поинаков, уникатен и забавен… Кристијан Станковски за кусо време стана вирален хит со своите забавни написи на картон и на неговиот Инстаграм профил @Bombakis веќе има над 19.000 следбеници.

Но, денес тој ја испрати најмоќната порака на картон досега. Тој се отвори за борбата со ракот и откри дека слави една година без рак.

Loading...

Секоја чест за храброста и моќната порака:

„Овој картон не е ставен за да ме жалите… Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш… Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент.

Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите)

Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема… Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас???

Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива!!! На тој начин ќе почнете да живеете… Само здравје!“

Loading...
Next Post

ПОВТОРНО ГОЛЕМИ БРОЈКИ: 1100 нови случаи на Ковид 19, починати се 30 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, […]