Крвава престрелка во Скопје-има повредени ама и уапсени

admin22

Попладнево околу 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во селото Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, од страна на четири лица.

Според информациите од МВР, најпрво дошло до физичка пресметка помеѓу Н.К. (68) и Х.К. (32), кои биле со автомобил „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со автомобил „шкода“, од друга страна.

Учесниците во пресметката употребиле и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Четирите лица се уапсени, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. Неофицијално, станува збор за случај кој му претходел на инцидентот што попладнево се случи пред поранешната градска болница.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Loading...
Next Post

ТРИ ПРАЗНИЦИ СЕ: Што НЕ треба да правите за да не бидете баксуз цела година

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… Многу обичаи и ритуали се поврзани со овој празник, некаде наречен и Мал Божиќ, за […]