Лазар Бараков и кажа збогум на Македонија

admin22
loading...

Актерот кој сите многу добро го знаеме и со чија глума сите пораснавме. Неговите улоги во Македонските народни приказни го одбележуваат нашето детство.

Тој сега е во седмата деценија од животот, но вели дека работата, волјата и продуктивноста се тоа што го одржува неговиот дух млад.


Актерот Лазар Бараков повеќе од 20 години помина глумејќи во народните приказни. Во интервјуа за македонските медиуми многупати има кажано дека работата со неговите колеги како што се Ванчо Петрушевски, Шенка и Ѓорѓи Колозов, Анче Џамбазова и останатите му претставувала задоволство и дека по толку многу снимања тие почнале да се чувствуваат како едно семејство.


-Пред да бидам постојан член во серијата „Македонски народни приказни“ имам работено на некои филмски проекти во Белград, Софија и МРТВ.

Во македонските приказни бев застапен дваесетина години од 1987, па се до пред неколку години. Екипата беше прекрасна, како од техничка страна, така и од глумачка страна.


Работата, иако беше макотрпна, иако бевме сериозни во работата, ја чувствувавме како весела игра кај мали деца. Неопишливо е пријатното дружење, другарувањето со Колозов, кој беше двигател на целата машинерија. Повеќе од пријатна беше работата со Ванчо, Гоце, Кире, Дади, Анче, Шенка, Стојна и други. Таа сплотеност многу зависеше и од режисерите, архаичните тестови од Цепенков и најголем дел од приказните што беа сработени од режисерот Драган Велјановски.


Актерот Лазар Бараков стана препознатлив по улогите во македонските народни приказни каде најчесто беше сиромав или слуга, а во никој случај не треба да ги заобиколиме и улогите во: „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Марка“, „Погрешно време“ .

Сепак, македонските народни приказни остнаа обележје на Лазар, а во врска со улогите кои ги имаше знае да каже:

„Повеќето улоги кои ми ги даваа мене, другите колеги не ги сакаа зошто ги сметаа за понижителни, но јас ги сакав зошто секоја улога е важна и убава“, констатира Бараков.


Сепак, во реалниот живот Лазар е далеку од сиромаштијата бидејќи го има најголемото богатство што може да го посака еден човек.

Тој е татко дури на три деца со кои особено се гордее, како и тие со него.

Она што можеби е малку познато, е тоа дека неговите деца, Македонка, Викторија и најмалиот Александар Бараков имаа улоги во приказните уште од мали.


Денес тие се уште го придружуваат својот познат татко, но не во приказните, туку се негова константна поддршка во се што прави, каде и да се појави.

Па така на неодамна одржаната кавадарчечка вечер во Скопје, Лазар се појави во друштво на ќерката Викторија.

Животното сценарио на Бараков во реалноста има сосема поинаква приказна од онаа по која се трасираше неговата кариера.

Со три прекрасни деца, Бараков навистина е богат човек! Познатиот македонски актер вели дека неговото семејство е неговото богатство, а работата неговиот двигател.


Лазар Бараков е еден од ликовите што ги одбележаа Македонските народни приказни. Народните мудрости прикажани преку играта на одличната актерска екипа, меѓу кои и Ѓорѓи и Шенка Колозови, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски му се еден од најдрагите спомени на Лазар.

Тој сега е во седмата деценија од животот, но вели дека работата, волјата и продуктивноста се тоа што го одржува неговиот дух млад.


Се разбира, тука се и неговата сопруга Лилјана и трите деца, за кои вели дека се неговото најголемо богатство. Неговата ќерка Македонка е психолог, ќерката Викторија архитект, а синот Александар студент.

Пред некој ден Бараков сподели фотка на својот профил на фејсбук со која откри дека заминал од Македонија и притоа напиша:


Франкфурт Хан. Одморот заврши во сончевата , мила Македонија. Во другата ни “татковина” – Germany… Deutschland, Deutschland, über alles,….

Loading...
Next Post

Невестата спиела со идниот свекор пред свадбата, нема да ви се верува што се случило после два месеци...

Еден млад човек по име Џејк одлучи да им открие што им се крие во срцето на своите следбеници во социјалната платформа ТикТок. Американецот зборува за големата семејна траге дија што го снајде. Џејк ја најде совршената девојка, буквално како да излегла од неговите соништа. Всушност, тој е заљубен во […]