ЛОШИ ВЕСТИ – Евтината струја пред поскапување

admin22
loading...

Во пресрет на новиот бран поскапувања на струјата кои се најавуваат од јули, Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти четирите тарифни блока за пресметка на електричната енергија за домаќинствата, а веќе в среда се очекува да се знаат и цените на блок-тарифите. Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа.

Првиот блок е за домаќинства кои трошат малку, од нула до 210 киловат часови месечно. Вториот блок е од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 потрошени киловат часови. Последниот четврт блок за тарифирање се домаќинства кои трошат над 1.050 киловати.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски електричната енергија во пониските блокови ќе чини поевтино, додека оние што трошат повеќе ќе плаќаат поскапо. „Во текот на оваа недела, најверојатно в среда РКЕ ќе одржи подготвителна и главна седница на која ќе ги соопшти цените на блоковите и ниските тарифи, а до тогаш ќе ги оставиме познатите експерти во државата да лицитираат со цените“, најави Бислимоски.

Универзитетскиот професор Рубин Талески, смета дека во текот на зимата 98,8 отсто од домаќинствата ќе бидат во третиот блок. Потрошувачите од првите три блока пак, треба да добијат пониски сметки од 12 до 15 часот. На сметките за струја од идниот месец точно ќе биде наведено која е цената на струјата и колкава е цената за користење на мрежата.

Можно е поскапување и на евтината струја. Извори за Телма велат дека и во овој дел се очекува да има корекции. Какви точно ќе се знае утре, но според информациите можно е и цената за евтината тарифа која граѓаните најчесто ја користат да се зголеми.

Исто така РКЕ наместо една просечна, утре ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно. Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени.

Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар.

Регулаторна ги прави последните пресметки за новите цени на струјата кои треба да ги објави утре. Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.

Од РКЕ соопштија дека дел од трошоците ќе бидат прифатени, но дел не. Државната ЕСМ пак својата струја на Универзланиот снабдувач му ја понуди по цена која е за 17 отсто повисока од сегашната, односно за 48 евра по мегават час. Но и сотојбата на берзите и натаму е драматична.

Сите параметри покажуваат дека следи нов ценовен шок кај електричната енергија. Со новиот тарифник за стурја пак кој РКЕ вчера го објави се очекува домаќинствата рациолано да ја трошат електричната енергија. Границите на четирите блока се јасно дефинирани.

Сите кои ќе трошат до 210 киловати влегуваат во прв блок , оние со потрошувачка до 630 ќе бидат дел од вторит блок, до 1.050 ќе влезат во трет, а сите оние кои ќе трошат на 1050 киловати ќе влезат во, четвртиот блок.

Loading...
Next Post

ИСПЛИВА СТРАШНАТА ВИСТИНА ЗА ЗОРИЦА БРУНЦЛИК! Целиот Балкан е во ШОК!

По разводот на нејзините родители, пејачката живеела во голема сиромаштија и беда. Легендата на фолк музиката, Зорица Брунцлик, во својата долга кариера имала безброј подеми и падови. Со музика се занимава речиси половина век, а никогаш не криела дека како дете живеела во сиромаштија и немаштија. Таа успеа да се […]