Луѓе кои биле во контакт со заболени, заглавени се дома со симптоми на Ковид-19, нема кој да дојде да им земе брисеви

admin3
loading...

Лица кои имаат симптоми на коронавирусот, а претходно биле во контакт со заболени од Ковид-19, заглавени се во своите домови со висока температура, кашлица и треска, а во Центарот за јавно здравје им велат да се јават само ако развијат посериозни симптоми, пренесе А1он.

Вчера до нашата редакција се обрати лице кое е во карантин трет ден, после контакт со еден од заразените од коронавирус.

„Вртам 15 минути на телефонските линии, беше зафатено. Кога конечно ги добив и им кажав дека сум бил во контакт со заболен, а ги имам сите симптоми на вирусот, ми рекоа да останам дома и да се јавам само ако развијам посериозни симптоми. Ги замолив да дојдат да ми земат барем брисеви, бидејќи сепак живеам дома со постари родители кои се хронично болни. Јас немам како да излезам од дома бидејќи сум во карантин, а во Центарот ми рекоа дека тоа ќе го сторат само ако има влошување на ситуацијата“, сведочи нашиот соговорник.

Loading...

На телефонскиот број во Центарот за јавно здравје се јавивме и ние, посочувајќи го случајот, но ни беше кажано истото.

„Имаме премногу работа а недоволно кадар, не можеме да постигнеме да отидеме секаде. Ве молиме разберете. Лицето кое има симптоми може да се јави на броевите кога сака, ако му се влоши состојбата“.

Кога прашавме какво влошување треба да има лицето за да му бидат земени брисеви за коронавирус, не добивме прецизен одговор.

Лицето со кое нашиот соговорник имало контакт, а е позитивно на коронавирусот, во моментов е дома, бидејќи имало полесна клиничка слика и му било кажано да пие витамини и чаеви. Еднаш дневно добива повик од Клиниката со прашање за тоа како се чувствува.

Заболеното лице е во карантин, но не го чува, ниту пак го посетила полиција откако е во изолација и откако му бил дијагностициран вирусот.

Loading...
Next Post

Во следните три месеци нема да се плаќаат рати за кредити

Следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Клик плус на ТВ 21. -Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април […]