Маја открива како ја почнале врската со Дарко Панчев

admin22
loading...

Таа важи за една од најубавите Македонки, а и една меѓу најзгодните пејачки на македонското естрадно небо.


Маја Гроздановска –Панчева иако одамна не е активна со својта музичка кариера, никогаш не ја оставила музиката, настапите во Кафе 9-ка и секако во Македонската опера и балет.

Музиката е нејзиниот живот, но со текот на годините се поретко ја гледаме и е присутна во медиумите, освен кога почесто има можаност да се појави заедно со нејзиниот сопруг, познатата фудбалска легенда Дарко Панчев.


Се запознале пред дваесет години и велат дека многу брзо си се допаднале еден на друг. Денес се родители на Надица која има 18 години, и 13 годишната Марија.

Дарко претходно, додека ја градеше фудбалската кариера беше оженет, но немаше деца во тој брак. Кога се врати од Италија, се разведе и се запозна со Маја Гроздановска.


„Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако се се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг.

Многу брзо си се допаднавме“, ни раскажа Маја Панчева, поп-пејачка и хористка во МОБ за својот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“.


„Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“.

И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирна, јас и на двете забави се се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам“, се сеќава Маја на нејзините најдраги спомени од почетоците со Дарко.


Дарко и јас веќе 19 години си функционираме на еден нормален, човечки начин како да не сме луѓе од јавниот живот. Едноставноста е таа што си ја сакаме помеѓу нас.

Активна сум со музиката и тоа секојдневно, затоа што веќе пет години сум дел од хорот на МОБ. Ја промовирав мојата нова песна “Време” ,но сигурна сум дека ќе има уште многу песни од мене. И секако, тука се и живите свирки кој ми се мелем за душичката“, рече таа во истото интервју.


Постарата ќерка на Панчеви Надица е студент по Германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. „Секако дека сме среќни за нејзиниот успех, а посебно ни е драго што веќе поодамна самата си знае дека трудот што го вложува носи добри и сигурни резултати“, рече Маја за неа.


Помалата Марија е вистинска убавица и веќе се остварува во професијата модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“. Фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм се доказ за нејзиниот талент и природна убавина.

За ќерките Надица и Марија, таа вели дека и двете имаат афинитети кон музиката и кон модерниот танц.


Надица во учењето покажува талент за јазици и најверојатно тоа и ќе студира, Марија, вели Маја, има талент за повеќе работи, и допрва ќе одлучи за што ќе се определи.

Loading...
Next Post

Во брак се 43 години, а ретко кој знае како изгледа: Босанац откри како ја освоил сопругата ФОТО

Драган Стојковиќ Босанац е српски хармоникаш, композитор, продуцент и аранжер. Роден е на 2 декември 1953 година во Сараево. Тој порасна во Коњиќ, а живее и работи во Белград од 1970-тите. Драган Стојковиќ Босанац веќе 43 години е во хармоничен брак со Дуња, со кого има ќерка Александра и син […]