Мајка ми, ми го украде мажот: Ја носевме со нас на меден месец, а таа се сплетка со него

admin3

Никогаш нема да и простам на мајка ми што ми го зеде сопругот а потоа доби дете со него, раскажува Лорен Воле (34) од Лондон, која се омажила за Пол Вајт кога имала само 19 години.

Нејзината мајка Џули (53) ја платила свадбата 15 000 фунти, а благодарната Лорен ја однела со нив на двонеделен меден месец. Ниту во лудило не можела да помисли дека  помеѓу нејзината мајка,  и нејзиниот сопруг ќе се развијат чувства кои ќе ја надминат семејната љубов.

Околу два месеци подоцна, Пол се иселил, а девет месеци после тоа, нејзината мајка го родила своето бебе и објавила дека се во љубовна врска.

 https://www.facebook.com/meganoticiascl/posts/3393292777352030

Пол и Лорен во тој момент ја имале седуммесечната ќерка.

– Пол секогаш добро се однесуваше со мајка ми. Никогаш не ми беше чудно тоа со оглед дека таа е неговата баба. Тие се дружеа, многу се смееја, но јас не бев загрижена, па кој би. Едвај чекав да се венчаме, но мастилото кај матичарот сè уште не се исуши докај кога тој се промени  – се сеќава таа.

Вели дека Пол започнал да го крие телефонот веднаш по свадбата. Еден месец по свадбата, нејзината сестра го користела телефонот на мајка си и открила пораки меѓу неа и Пол. Мајката и рекла тогаш дека дека тие не се нормални, какви мисли имаат и се негирала. Но, неколку дена подоцна, Пол го раскинал својот брак со Лорен и ги остави со нивната седуммесечна ќерка.

Кога слушнала дека се преселил кај нејзината мајка, таа била скршена. Таа вели дека била изневерена од луѓето на кои најмногу им верувала. Дознала дека нејзината мајка е бремена со сопругот во една прилика кога ја видела на улица. Таа се обиде да го скрие стомакот со рацете, па дури и ја уверила дека станува збор за циста.

– Ми се слоши. Тоа е една од најлошите работи што мајката може да ја направи на својата ќерка. Пол можеби бил беден сопруг, но, таа е мајка ми, таа треба да ме заштити и да ме сака пред сè. Отидов дома и ги уништив сите фотографии од нашата свадба “, додаде таа.

Пет години откако се венчал за Лорен, Пол разменил судбоносно „Да“ со нејзината мајка. Лорен била само на нивната свадба поради нивната ќерка, иако признава дека и било тешко од сè.

„Отидов да ја гледам мајка ми како се омажи за истиот човек со кој се оженив пет години порано“, рече таа, додавајќи дека нејзината мајка се обидувала да воспостави врска, но Лорен ги нема тие желби, па ретко се гледаат една со друга.

– Таа влезе во мојот автомобил, плачејќи и велејќи дека и е жал. Само и реков: „Излези од мојот автомобил“. по неколку недели подоцна ми испрати писмо за извинување. Пол никогаш не ми се извини ниту рече дека му е жал. Тој само повторува дека сега се тоа паднало во заборав “, рече таа.

Се запознала со Пол кога имала 18 години во еден локален паб. Тој веднаш и се допаднал.

„Тој го побара мојот број и ми испрати порака следниот ден. Ме покани на кино. Почнавме да се дружиме кратко време “, рече таа, сеќавајќи се дека многу брзо забременила. Ќерката е родена во март 2004 година, а тие беа во брак пет месеци подоцна.

– Пет месеци подоцна, стапивме во брак во црква опкружена со пријатели и семејство. Мама не гледаше гордо додека разменувавме завети. Тој рече дека сака да биде со мене засекогаш “, рече таа.

Публикувахте от Fyambe Media в Неделя, 19 януари 2020 г.

Лорен неодамна запозна маж за кој вели дека е прекрасен партнер. Таа го очекува своето четврто дете со него.

– Времето ги лекува сите рани. Мама и јас се обидовме да имаме нормален однос, но никогаш нема да бидеме блиски како порано, никогаш повеќе нема да можам да и верувам, заклучи Лорен.

Нејзината мајка се правдала:

„Ние сме во брак, немавме афера, во брак сме и тоа е тоа“, кратко коментира таа.

Лорен и Пол се венчаа во 2004 година, а нејзината мајка и Пол пет години подоцна во 2009 година.

 

Loading...
Next Post

Каракамишева до Заев: Јас сум загрижена Македонка која се бори против она што му го направи на мојот народ

Статус на Тања Каракамишева: Толку многу ги болат и гледаат опасност во моите ставови штом од петни жили се обидуваат да ме нападнат час преку партија, час лично. Заев не сака, ниту може да разбере дека не сум член на ниту една партија, не застапувам/не сум гласноговорник на партиски ставови, […]