Возел автомобил „голф“ со 117 километри на час.




Фолкерот Дарко Лазиќ е приведен откако сообраќајната полиција открила низа прекршоци од кога полициски пресретнувач околу 16 часот го запрел на автопатот во Нов Белград.




Возел автомобил „голф“ со 117 км на час на место каде максималната дозволена е 80 км на час, при што му бил направен тест за дрога и алкотест, кој покажал дека е позитивен на ко каин, додека имал 0,91 на промили алкохол во крвта.




Пејачот Дарко Лазиќ во моментот е во Полициската станица Нов Белград каде што дава изјава. Се чека решение за притвор, кое треба да биде донесено по рочиштето.




Со натамошна контрола е утврдено дека на Лазиќ му е одземена возачката дозвола на 18 декември 2013 година.




Со друга проверка, било утврдено дека на Лазиќ возачката дозвола му е земена на 18.12.2013 година.
Одреден му е притвор од 48 часа.




Во оваа прилика се огласи и неговата избраничка, пејачката Барбара Бобак, која истакна дека претходната вечер не била со Лазиќ.




-Не бев со Дарко синоќа, па не можам ни да коментирам ништо. Кога ќе го слушнам и видам, кога ќе разговараме, ќе можам да ви кажам повеќе. Ви благодариме на разбирањето, изјави Барбара за Pink.rs.




Во оваа прилика спрски Курир ја контактираше мајката на Дарко, Бранка Лазиќ, која изјави дека не знае за што се работи.




„Кога беше уапсен? Не бев информирана. Не знам за тоа, се немам слушнато со него“, изјави Бранка за Курир.




На пејачот Дарко Лазиќ му е одреден притвор од 48 часа, по што ќе биде изведен пред судија за прекршоци, пренесува Телеграф.рс.