Македонија ќе има покриеност со 5Г мрежа уште следната година

admin22
loading...

Агенцијата за електронски комуникации спроведе јавна расправа за воведување на 5Г технологија во Македонија. Двата постоечки оператори поради кризата, се за одложување на постапката на доделување радиофреквенции за 5G за догодина, додека компанијата ЕОЛО смета дека таа треба да се спроведе во најскоро време.

Ставот на Агенцијата како и коментарите на: Intracom Telecom, НЕОТЕЛ, Македонски Телеком, А1 Македонија и EOLO S.p.A. се достапни на веб-страницата на АЕК.

Во анализата АЕК најавува дека постапката за доделување одобренија за 5G технологијата ќе почне до крајот на тековната година и ќе се одвива преку аукција, при што ќе се понудат поединечни одобренија.

Loading...

Од таму појаснуваат, дека операторите не се заинтересирани за целиот опсег туку за дело од опсегот па затоа и такви одобренија ќе се доделуваат.

Во Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) е наведено АЕК да распише тендер до крајот на 2020 година.

Со започнување на постапката се зголемува и можноста за зголемување на конкуренцијата и од други заинтересирани страни, а секако и дека трет мрежен оператор е и една од целите на АЕК.

Loading...
Next Post

(ВИДЕО) Како изгледа Бејрут 10 дена по експлозијата: Болна глетка

Експлозијата што го уништија Бејрут на 4 август, однесе повеќе од 170 животи и остави околу 300.000 лица без нивните домови. Снимките од тој трагичен ден продолжуваат. Штетата е голема, па некои проценуваат дека ќе достигне околу 15 милијарди долари. Фотографот и снимател Џони Азир, сними шокантна снимка од либанската […]