Македонскиот актер во самоизолација – се враќал од Барселона со заразената девојка

admin22

Македонскиот актер, музичар и пантомимичар Кирил Трајковски-Максим, познат како Марлон Брандо, е во самоизолација. Тој во петокот се враќаше со авионот од Барселона во кој беше и девојката која на тестирањето излезе позитивна.

Претходно Кирил на својот фејсбук-профил објави дека се враќа од Барселона со уште еден свој другар, и побара од своите фејсбук-следбеници совет како да постапи одговорно, со оглед на тоа дека се враќа од земја во која е прогласен висок ризик. Ги праша следбениците дали самиот треба да се пријави или ќе биде пречекан од надлежните.

– Здраво на сите. Јас и другар ми сме у Барселона убаво ни е да не не мислите. Утре се враќаме и не интересира дали некој медицински персонал во Македонија ќе не пресретне на аеродромот или да идеме директно у некој центар да не тестираат. И исто ме занима дали воопшто имаат НЕКОЈА МЕТОДА и на кој начин ќе не истестираат со оглед дека има 14 дена инкубација – праша Кирил.

Во меѓувреме е ставен во самоизолација и одлучи да ги информира своите пријатели како ги поминува деновите. Неговата објава на Фејсбук од првиот ден од самоизолацијата:

– Карантин – ден 1

Денес е првиот ден од самоизолација и се осеќам различно. Вчера вечерта дојдовме во село и не чуваат на спрат од ќуќа. Немам контакт со никој освен со другар ми кој е во другата соба. Сега за сега немам никакви симптоми. Во исчекување сум да добијам информации за девојката која се враќаше со нас од Барселона и ја задржаа на нашиот аеродром зошто не изгледаше добро… Секоја чест што си носеше маска на себе во случај да не зарази други лица. Подоцна дознав за кого се работи и знам дека живееше и студираше во Италија. Ако се потврди дека е позитивна се надевам ќе не контактираат и ќе не носат комплет цел екипаж со се пилотот и стјуардесата.

Loading...
Next Post

Јелена кон конфекционерските газди: Една заболена работничка без претерување може да значи цел град!!!

Растев во конфекциски град. Мајка ми (веќе во пензија) цел живот работеше во конфекција. Ретко 8, најчесто 9,10,12,15 работни часа на ден. Од мал учиш како профитот на конфекционерските газди им е побитен од здравјето на вработените. Денот го поминуваат стуткани една до друга, припиени до машините за шиење. Многу […]