Македонци, ве чекаме на нашите плажи со ниски цени и без тестови – понуда на која не може да се одолее од Црна Гора

admin

Македонци, добредојдени сте. Црна Гора ве чека со раширени раце и со топло срце, рече Љиљана Чукиќ, менаџер на Националната туристичка организација на Црна Гора,

на промоција на актуелната црногорска туристичка понуда во пресрет на сезоната и кампањата „Заедно со природата“ во чија суштина е исклучителното културно наследство на земјата.

Организатор на настанот беше Амбасадата на Црна Гора во Македонија и во улога на домаќин беше амбасадорката Марија Петровиќ. Земјата е со печат „safe travel“ или безбедна дестинација и вброена во една од седумте топ дестинации за 2021 година.

А, Црногорците и тоа како се потрудиле за полнење на капацитетите во нивните туристички бисери на брегот на Јадранот.

Земјата, која повеќе од 20 дена пулсира без полициски час и со лесна епидемиолошка слика, во стратегијата за привлекување на гости, покрај самата туристичка понуда, вгради и два момента што се исклучително примамливи.

Првиот се однесува на слободниот влез во најмалата република во поранешна Југославија, односно, како што потенцираа домаќините, ќе нема потреба од приложување на негативен ПЦР тест за ковид-19,

а вториот е дека државата презема обврска за покривање на комплетните болнички трошоци во случај било кој турист биде позитивен на коронавирусот за време на уживањето во природните убавини на Црна Гора.

Останатите сегменти што се директно поврзани со туризмот се реновирани, надградени, проширени и што е најважно, според најавите, со пристапни цени.

Песочни плажи, нови сместувачки капацитети за сечиј вкус и џеб во Будва, Херцег Нови, Тиват, Бар, Котор, Улцин, многубројните езера, планини, културни знаменитости, итн.

Туристичката понуда, покрај преубавото Јадранско Море, опфаќа уживање и во езера, планини, старата престолнина Цетиње, големиот број на манастири меѓу кои најрепрезентативен е Острог, петте прекрасни национални паркови

(Биоградска гора, Дурмитор, Скадарско Езеро, Проклетие, Ловќен), а авантуристите и љубителите на адреналински спортови може да полнат батерии и во кањонот на Тара во чии прегратки е најдобратра патека за рафтинг во Европа.

Уживањето во црногорските убавини го надополнуваат и прекрасната кујна со шмек на традиционалното и медитеранското, многубројните вински визби,

можностите за крстарење низ синиот Јадран за незаборавни мигови на одмор, релаксација и опуштање по 15-месечниот пандемиски живот исполнет со неизвесност, страв, тензија.

Црна Гора е подготвена да ги задоволи и најпребирливите туристи и ќе возврати да се чувствуваат како дома ио со себе да понесат незаборавни моменти.

Loading...
Next Post

Нови детали за драмата кај „Мавровка“: Позната причината поради која човекот сака да скокне

Во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје во тек е спасувачка акција поради маж кој се обидува да ск-окне од кровот на зграда. Во акцијата учествуваат полицајци и пожарникари, пренесува „360 степени“. Спасувачките екипи преговараат со човекот во обид да го разубедат, а околу зградата поставија и […]