МАКРОН ЈА ЗАВЕДЕ 24 ГОДИНИ ПОСТАРАТА УЧИТЕЛКА: Започнале романса кога има само 18 години – тогаш тој и ветил една работа!

admin22
loading...

Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Троње со години привлекуваат големо внимание во јавноста поради нивната необична љубовна приказна.

Брижит влегла во неговиот живот кога имал само 15 години, прво му била учителка, па љубовница, а на крајот му станала сопруга на претседателот на Франција.

Посебно внимание во нивната љубовна приказна привлекува фактот што е постара од него – дури 24 години. Тие ја започнаа својата врска во 1990-тите.

Нивната врска започнала кога Емануел имал 18 години и кога соработувал со неа на драмските часови во приватното училиште кое го посетувал.

Како што истакна, додека била учителка, вниманието и го привлекло еден млад човек кој глумел во претстава – тоа бил Емануел, на кого веднаш му дошла да му помогне во работата на еден текст, а – потоа почнале да градат врска.

Тогаш 39-годишната наставничка била „целосно маѓепсана“ од интелигенцијата на Емануел, а чувствата биле обострани, а два месеци подоцна, како 17-годишник, и ветил дека ќе ја ожени „што и да прави“.

Брижит е најмлада од шесте деца на Симон и Жан Троње од Амиен, универзитетски град на околу 140 километри северно од Париз. Пораснала во добро ситуирано граѓанско семејство кое поседувало фабрика за чоколадо основана во 1872 година и повеќе филијали, познати по специјалитетот „Macrons d’Amiens“.

Таа со нејзиниот прв сопруг има две ќерки и син. До пред две години работела како наставничка, а потоа дала отказ за да му помогне на нејзиниот сопруг во политичките води.

Француската телевизија „France 3“ објавила видео од училишна претстава од 1993 година на кое Макрон стои на сцената како плашило. Последните години од гимназија ги завршил во елитната париска гимназија „Хенри IV“, а наставничката останала во Амиен.

Сепак, тие одржувале контакт, и со часови разговарале на телефон. Кога се разделувале, Макрон наводно ѝ рекол: „Што и да направите, јас ќе се оженам со вас“.

Во 2007 година му се остварила желбата. Брижит побарала развод од тогашниот сопруг и се преселила со Емануел во Париз. Кога Макрон влегол во водите на политиката, за многу Французи било тешко да се навикнат на двојката. Но, тоа подоцна се промени.

Жените во Франција сметаат дека љубовта на Макрон кон постара жена е навистина храбра.

Таа тогаш беше мажена, иако се гледаше со Макрон, а на крајот се разведе и се омажи за Емануел во 2007 година, но продолжи да работи и како учителка во Париз.

РОДИТЕЛИТЕ НА МАКРОН БУРНО РЕАГИРАА

Новата биографија на францускиот претседател Емануел Макрон откри дека неговите родители биле шокирани кога откриле дека нивниот тогаш 16-годишен син има афера со својата оженета учителка.

Неговите родители и се заканувале на Брижит да се држи подалеку од него додека не се заљубил, а таа одговорила дека не може ништо да вети. Емануел бил испратен во Париз, но пред да замине и ветил дека ќе се ожени со неа.

Тие одржуваа врска на далечина неколку години, до 2006 година, кога Брижит конечно се разведе, а следната година стана госпоѓа Макрон.

Loading...
Next Post

ОГРОМНА РАДОСТ ВО ДОМОТ НА ЛЕПА БРЕНА: Пејачка никогаш посреќна!

Некогашниот тениски ас се присети на почетоците на својата љубовна врска со фолк-пејачката Лепа Брена Двајцата својата прва средба ја опишуваат како судбинска и велат дека веднаш започнале љубовна врска, која после четири години ја крунисале со брак. Интересот за нивната љубов бил толку голем што снимката од нивната свадба […]