Матеј Периш синоќа бил активен на Вибер, веднаш се огласи и неговиот татко

admin22
loading...

Големо внимание во јавноста предизвика снимката на која се гледа како нешто лебди или плива во реката.

Наводно е во прашање Матеј, а од друга страна имаше и шпекулации дека е во прашање некаков предмет. Исто така, се шушкаше дека тоа видео можеби и не е направено ноќта кога Периш исчезнал.

Надлежните власти ја разрешија оваа дилема. Од полицијата изјавија дека Матеј кружел околу ресторанот „Саванова“ пред да се упати кон шеталиштето и кон реката.

По лоцирањето на телефонот на Матеј, индикативно било движењето на еден предмет во Сава, а српската полиција дополни дека времето и рутата на движење на објектот во Сава се поклопуваат со движењето на телефонот на Матеј.

Уште едно видео направено на 31 декември, два часа по полноќ, покажа објект што се движи низ реката кон Големиот воен остров.

Од МВР изјавија дека е прегледан целиот расположлив видеоматеријал од Новобелградската страна и кон Панчевскиот мост, но дека Матеј не е забележан.

Потрагата по сплиќанецот Матеј Периш (27) кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година, трае веќе 22 дена, а вчеравечер многумина кои го познавале момчето биле шокирани.

Имено, по 22 дена Матеј вчера во 21:53 часот бил активен на Вибер.

Луѓето кои не губат надеж дека исчезнатото момче ќе биде пронајдено, ја споделиле оваа информација, а тоа предизвикало лавина коментари на социјалните мрежи.

Единственото објаснување е дека полицијата била најавена на неговиот профил за да ја провери комуникацијата од претходниот период.

Да ве потсетиме, сигналот на мобилниот телефон на Периш, како што утврдила истрагата, последен пат бил лоциран кај Големиот воен остров во околу 02:40 часот на 31 декември.

Според реконструкцијата на движењето на Периш, направена од српската полиција, сигналот на неговиот телефон последен пат бил регистриран во близина на Големиот воен остров, на устието на Сава и Дунав.

Полициските службеници прегледале стотина часа материјал, снимки од сите надзорни камери од рутата на движење на Периш и околината и врз основа на тоа направиле реконструкција на неговото движење од моментот на излегување од клубот од правец на салата Бетон во 01:43 часот до моментот во 01:52 часот од каде му се губи секаква трага.

Loading...
Next Post

Јелена и Новак биле пред развод дури три пати: Еве кој го спасил бракот на Ѓоковиќ

Новак и Јелена Ѓоковиќ се во брак нешто повеќе од 7 години, а за предизвиците кои ги носи бракот со познатата тенисерска ѕвезда Јелена зборуваше во емисијата „Ко сам теби, шта сам себи“. Јелена, помеѓу останатото зборуваше дека долго време ѝ требало да се прилагоди и да сфати дека живее […]