На 67-годишна возраст почина пејачот Аки Рахимовски. Неговиот менаџер Данур Осредецки ја потврди лошата вест.




Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.




Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година.




Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.
Toj беше еден од омилените музички појави во поранешните југословенски републики, а со децении беше присутен на рок сцената. Имаше дуети и со нашите домашни ѕвезди, како Калиопи и Тоше Проески.




Вечна му слава!
Музичарот кој беше присутен на сцената со децении наназад, и чии хитови се пеат во сите поранешни Ју републики, пред четири години доживеа мозочен удар, по што ги одложи свите најавени настапи.




По шест месеци пауза, тој продолжи со концертите и гостувањата во регионот. Ракимовски по потекло е од Скопје, а во бендот беше активен уште од 1975 година.




Неговиот последен настап во Македонија се случи на седми јули, лани, кога одржа концерт во ракометното игралиште во Битола.




– Утрово му се слошило, заврши во болницата во Ново Место. Пред еден час ми рекоа дека починал, се уште не ја знаеме причината за смртта – изјави Осредечки за словенечки 24 часа.




Во текот на 2018 година, Аки доживеал мозочен удар, а по неколку месеци зборувал за тоа како ја победил болеста.




– Сега се е во ред, се гледа по мене (се смее), ги сменив животните навики, искрено тешко, но се ќе биде навистина во ред – изјавил тогаш Аки за Блиц.