Месечен хороскоп за април: Топ знаци на месецот – Близнаци, Овен и Водолија

admin22
loading...

Во месецот април планетата Венера ќе проестојува во знакот на Близнаци: многу среќа во љубовта е загарантирана за Близнаците, Вагите и Водолиите! А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвија ѕвездите за месец април!

Овен: месец на голема сила!

Драги Овни, во април сонцето сјае во вашиот знак и пролетта е подготвена да ја разбуди вашата психо-физичка енергија и да ве направи посилни од кога и да било! Планетата Венера ќе биде поволна во текот на целиот месец: ќе има и љубов и страст, додека за осамените ќе биде навистина среќно време да се вљубат. Меркур од 12ти април ќе ви донесе добра вест и на работното место, додека Марс ќе биде подготвен да ве направи повеќе борбени и способни да го дадете најдоброто од вас.

Бик: чекајќи го Меркур

Ако во март можевте да сметате на раскошната Венера што ви донесе бесконечна љубов, месецот април може да изгледа помалку возбудлив и помалку полн со емоции: мирен месец. Сепак, пламенот ќе биде помал, но нема да престане да гори, а многумина од вас ќе видат дека нивната врска станува се посилна. На крајот на месецот, згора на тоа, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак, со што ќе ви донесе некои добри вести кои само ќе ги најават фантастичните изненадувања кои ќе пристигнат во месец мај, вашиот месец! Марс е во неповолна позиција и ќе ви носи малку повеќе умор.

Близнаци: еден месец полн со љубов!

Драги Близнаци, месец април за вашиот знак ќе биде месец на љубовта! Планетата Венера ќе биде со вас од 4-от ден и со вас ќе остане долго време: оние кои во последниот период доживеале моменти на криза или збунетост, конечно ќе можат да најдат спокојство со партнерот, како и во срцето. Изгубената ведрина ќе се врати. На работа пак, може да има некои непријатности во првиот дел од месецот, како резултат на Меркур во неповолна позиција: но подобро ќе биде од 12ти. Поволниот Марс ви дава сила и енергија.

Рак: обновување на енергијата!

Април ќе биде помалку тежок од месецот март за вашиот знак: Марс и Сатурн конечно го напуштаат знакот на Јарец и повеќе нема да бидат во опозиција. Полека ќе се враќате во колосек, бавно, но важно е закрепнувањето, и физичко и психичко. Полека ќе наоѓате и ведрина. Неколку удари од деловна гледна точка може да се појават од 12ти , кога Меркур ќе заземе неповолна позиција. Доколку треба да се залагате за нови проекти или за ново работно место, подобро е да дејствувате од 28-от ден.

Loading...
Next Post

Др.Комаровски откри како да направите вистински убиец на КОВИД-19 по дома

Познат лекар и презентер по медицина, Евгени Комаровски, раскажува како најдобро да се заштитите од коронавирусот. Како што сите знаеме, пандемијата побрзо расте. Во светот бројката на заразени достигна 770,653 луѓе, а починати се 36,946 луѓе. Врвот на КОВИД-19 во Македонија според министерот за здравство се очекува да биде кон […]