Милена Антовска: Во последен миг пред да се породам, ми се случи ОВА и многу се исплашив!“

admin22
loading...

Популарната водителка Милена Антовска (35), на 14.01, на големиот празник Василица на свет ја донесе својата втора ќерќичка Јоана.

Се породи на клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје и задоволна е од третманот на вработените, особено на докторите кои и помогнале полесно да ги помине овие денови.

Сепак, на самото породување иако водителката инсистирала да ја породат по природен пат се случил пресврт, бидејќи бебето во последен момент се свртело со нозете надолу, па докторите одлучиле дека за нејзина безбедност најдобро ќе биде да ја породат со таканаречениот царски рез.

Милена се исплашила, бидејќи е поборник на породувањето по природен пат, најмногу поради тоа што така многу побрзо би можела да им се врати на своите обврски и би била пофункционална за своето дете.

Во вакви моменти ништо не е во наши раце, се ќе се случи онака како што требало да биде. Јас сум благодарна на Господ и на сите кои беа околу мене што Јоана се роди жива и здрава.

Се надевам и јас побрзо ќе закрепнам по породувањето за да можам да и се посветам на ќерка ми, прокоментира Милена.

Таа во моментов е во стабилна состојба, очекува за неколку дена да ја пуштат дома, каде ја чека сопругот Гордан заедно со нивната прва среќа, ќерќичката Лана Марија. Вели дека Лана со нетрпение очекува да ја гушне сестричката.

Симболично е што и двете деца на Милена се родени на големи празници. Постарата ќерка Лана Марија има четири ипол години. На 28 август, таа ќе наполни пет.

-Благодарна сум му на Бога што двете деца ми се родија на големи празници. Лана Марија jа родив на Голема Богородица, а Јоана на Свети Василиј, ни рече Милена.

Инаку ќерката ѝ дојде како роденденски подарок, на Милена вчера ѝ беше роденден, и среќна е што се породи токму по овој важен ден. Водителката е задоволна од третманот на вработените во ГАК, каде што во 2017 година ја роди Лана Марија.

– Се повлеков целосно од ангажманите во телевизија, но тоа е сега привремено заради бременоста и ситуацијта со Ковид 19. Не сакам да ризикувам и секако не сакаат ниту моите претпоставени кои имаат големо разбирање за мене целиот овој период.

Наместо во декември, јас одам малку порано на породилно. Инаку не ми е многу лесно што не работам сега, затоа што сум навикната да имам многу обврски и работам од мојата 22-ра година.

Но, затоа пак имам друга “работа” аххааха, а тоа се домашните обврски и пред сѐ Лана Марија и сѐ што треба да работам со неа периодов затоа што не оди во градинка.

Лана Марија е пресреќна. Секое утро ми го бакнува стомакот и ѝ пее на сестра ѝ. А ние колку сме подготвени? Па сме хахха, мора да бидеме што да правиме, веќе сме поискусни. Нема нешто поубаво од деца така што навистина ќе ни биде лудо и незаборавно“, изјави Милена за Женски магазин.

Loading...
Next Post

ПОЗНАТИОТ АСТРОЛОГОТ ОТКРИВА - Oвој знак ќе има најмногу пари во 2022 година

Астрологот Јелена Ѓокиќ откри кои знаци ќе имаат најмногу среќа во 2022 година! Астрологот Јелена Ѓокиќ најави дека ни претстои „година на изобилство“, а најважното нешто што треба да го совладаме е да научиме да се опуштиме. Водолијата е знак за кој ѕвездите ќе бидат наклонети кога се парите во […]