Милена заврши на Инфективна – А таму немало никој па морала да се лечи приватно

admin22
loading...

Водителката Милена Антовска поради својата професија и контактот со голем број на луѓе уште од самиот почеток беше изложена на риз ик.

Антовска пред неколку месеци прележа корона. Имено, како што обзнани тогаш на социјалните мрежи таа беше во изолација.


Веќе и да не позтои некој кој во семејството или блиско обкружување намел заразен од немилосрдниот и ненаситен вирус, а и малкумина останаа од оние што барем еднаш не направиле тест за проверка на својата состојба.

ТВ водителката Милена Антовска отсекогаш била активна пред своите следбеници на социјалните мрежи и често открива што се случува во нејзината приватност, а така беше и овој пат.


Имено, беше во домашна изолација, оттргната од своите блиски, но не сподели дали се соочува со корона вирус или пак претпазливо чека да поминат деновите откако имала контакт со заразен.

Во кусите приказни на „Инстаграм“, Милена вчера откри дека добила стомачен вирус и поминала многу полошо отколку кога имала корона.


Како што објасни, освен таа, стомачен вирус добиле и нејзиниот сопруг Гордан, ќерката Лана Марија, а Антовска завршила и на инфузија.

После скоро 4 дена ќе излезам надвор, се радувам како мало дете. Причината е што имав стомачен вирус, но не само јас туку и детето, сопругот и пошироката фамилија. Пазете се, има неколку видови на стомачни вируси кои ги има сега, ми кажаа докторите.

Како што раскажува Милена во „Инстаграм стори“, Брзата помош не дошла бидејќи наводно немала што да прави, па водителката морала да се обрати во приватна клиника и да ја прими соодветната терапија.

Откако примила инфузија и не и било подобро, таа заминала на Инфективна во Скопје, а како што вели таму немало жив човек освен чуварот кој внатре пушел цигара.

„На инфективна немаше ниту еден човек, ниту доктор, ниту медицинска сестра, ништо ништо, освен чуварот кој што внатре си пушеше цигара“, вели водителката.

Од инфективно, водителката заминала во друга клиника каде што и ги направиле потребните испитувања за да и кажат дека се е во ред.


Милена преку својот „Инстаграм“ апелираше да се подобрат нештата.

„Да не биде дека само се фотографираме и објавуваме фотографии и само фини нешта“, вели водителката.

Таа истакна дека ги разбира здравствените работници дека се изморени поради пандемијата со коронавирусот, но вели дека на секој човек треба да му се укаже здравствена помош.


„Јас разбирам дека докторите се преморени, јас лично сум уверена бидејќи на терен, посебно лани, снимав кога беше најтешко и знам колку се посветени и колку беа растрчани насекаде. Но, тоа не значи дека луѓето кои имаат потреба од здравствена помош треба да трпат затоа што во моментот нема здравствено лице на некоја од клиниките. Не сакам својата позиција, професија да ја користат и да барам „врски“. Тоа не треба така да биде. Некој ќе каже „де стомачен вирус“. Но, верувајте јас стомачниот вирус го поминав 10 пати потешко и ми беше полошо отколку кога имав корна“, вели Антовска.

За среќа, ситуацијата заврши среќно, водителката оздраве, па се врати на својата работа и пред ТВ екраните на утринската програма на Канал 5 телевизија.

Loading...
Next Post

Лила Филиповска со еден од најаките наши бизнисмени заедно уживаат на глисер во Грција

Познатата водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска ги забавува гледачите пред малите екрани повеќе од дваесет години. Филиповска веќе десет сезони го води квизот „Сè или нешто“, а нејзините бројни обожаватели покрај тоа што ја гледаат на малите екрани, уживаат и во нејзините чести објави на социјалните мрежи обидувајќи се барем […]