Министерот за здравство Венко Филипче тукушто објави: Срцето на 44 годишна пациентка почна повторно да чука

admin

Министерот за здравство, Венко Филипче, доцна синоќа на својот профил на Фејсбук објави дека во Македонија е направена експлантација на срце и бубрези од млада пациентка кај која била дијагностицирана мпзочна см -рт.

-Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива..

Екипите за трансплантација од повеќе клиники работат веќе неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите.

Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водат целата постапка. Инаку ова е трета трансплантација од јануари и петта во изминатава година.

Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот на ФБ.

Пред неколку минути, Министерот Венко Филипче со нова објава во која соопшти радосни вести, дека сè поминало во најдобар ред:

„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот.

Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем.

Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот.“

Loading...
Next Post

Гавазова на Бекстејџ доби прашање дали би се занимавала со најстариот занает - еве го нејзиниот одговор (ВИДЕО)

Струмичанката Сузана Гавазова која беше една од најактуелните фолк пејачки на почетокот на 2000 – те години ја изненади јавноста кога пред шест години раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот. Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во […]