Ќерката на починатиот пејач Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ му посвети нова песна на нејзиниот татко, а ја објави на 17-ти.
„Тоа е така наместено, зашто самата песна буди емоции. Тој датум 17-ти е денот кога татко ми си замина, но тогаш е и роденденот на мојата сестра“, вели Илда.
Да потсетиме, бројот 17 се поврзува со тоа што почина пејачот. Славниот пејач почина на 17 февруари, а со тој датум се поврзуваат многу работи.
Првиот сингл му беше на 17 години, а пред 26 години бил избоден со нож во Виена и тоа на 17 јануари.
Легендарниот пејач едвај остана жив, а кралот на народната музика песната за животот на 17 септември ја славел во својот дом.
Тогаш бил роден неговиот внук, а операцијата на аортата ја имаше на 17 април 2016 година. интересно е тоа што речиси сите песни на Јутјуб на Шаулиќ се објавени на 17 февруари 2013 година, шест години пред да почине.