Младенците и сватовите во шок – Познат скопски бенд си заминал на сред свадба

admin22
loading...

Полицискиот час од денес се укинува, угостителските објекти останува да работат само на отворено, а се дозволува и одржување на настани, свадби, прослави и веселби на отворен простор.

Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки:

– Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Македонија.

– Исто така од д енес, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.

– Владата донесе заклучок да се дозволи одржување на настани на отворено со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.

– Согласно препораката на Комисијата за заразни болести од утре е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега.

– Владата донесе заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Соодветно на овие заклучоци и одлуки, Владата препорача да се измени и дополни Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби.

Несекојдневен настан се случил изминатиот викенд во угостителски локал во Скопје, кога музичката група ,,Скопски боеми” одбила да настапи на свадбена веселба, бидејќи по пристигнувањето сфатиле дека сватовите сакаат да ги прекршат мерките за заштита од вирусот.

Имено, бидејќи временските услови не биле најпогодни, кога музичарите пристигнале во локалот, каде според протокол било договорено да настапат на отворено, им било кажано дека младенците бараат забавата да се одржи внатре, во затворен простор.

Горјан Стојановски, кој е дел од музичката група, а истовремено и претседател на Здружение на естрадни уметници, за ,,Фокус” ја потврди веста.

Вели дека без размислување ја напуштиле свадбата и ги оставиле сватовите без музика, бидејќи музичарите не сакале да ги прекршат здравствените протоколи.

-Времето не беше добро, но тоа не значи дека некој има право да си игра со протоколите и да го доведува здравјето и животот на останатите во прашање. Веднаш, без двоумење им кажавме на младенците дека нема да настапуваме внатре, во затворен простор. Не само поради можноста да дојде инспекција и да бидеме казнети, туку и поради тоа што сакаме да си го сочуваме чист образот.

Настана незгодна ситуација, имаше обиди за преговарање, но ние бевме категорични. Се разочараа младеницте и сватовите, но ова е време кога сите мора да покажеме високо ниво на свест.

Доволно страдаше целата музичка фела поради забраната за настапи, никој не смее да си дозволи, за никакви пари да помисли на кршење на мерки. Се надевам дека нашиот гест ќе им биде поука на сите колеги – појаснува Стојановски.

Околу настанот со свадбата кој е главна тема во естрадните кругови овие денови, потенцира дека е нешто кое секој совесен човек би го направил, без оглед на изгубениот хонорар.

-Достоинството, моралот и работењето според протоколи мора да станат редовна пракса на естрадата. Само така може да очекуваме да бидеме сфатени сериозно и да се избориме за нашите права – изјави музичарот и претседател на ЗЕУМ.

Loading...
Next Post

Дознал дека го изневерува и приредил подарок за роденден кој ќе го памети цел живот!

Еден корисник на Reddit долго време се сомневал дека сопругата го изневерува. Кога беше скоро сигурен, тој реши да одговори на нејзиното предавство со суров подарок. Таа беше толку засрамен пред целото семејство што ќе го памети цел живот. „Забележав многу траги и бев сигурен дека ме изневерува. Таа се […]