МНОГУ ВАЖНО! Ако скенирате сметки, ова мора да го направите!

admin3
loading...

Директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

– По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ”, бидејќи имаме огромен број корисници.

Ажурирањето е завршено за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон” и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор” уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето” на Канал 5.

– Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска.

Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки.

Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо „основен“ повторно да одберат „напреден “.

УЈП веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај и јуни 2022 година.

Loading...
Next Post

До 22 АВГУСТ овие три знаци од Зодијакот ќе имаат многу проблеми!

Додека за некои периодот на владеење на Лав ќе донесе големи шанси, среќа во љубовта и успех, за други нема да биде толку успешен. Ќе поминат низ тежок период во животот бидејќи положбата на ѕвездите не е најповолна. Еве ги хороскопските знаци: Девица Целиот период на владеење на Лав, Девицата […]