Мојот Вујче не е од Америка, туку од Италија, а овој „гајрет“ што ми го направи нема да му го заборавам

admin

Многу малку останаа луѓе за кои може да се зборува само убави работи и со задоволство. Обично сме навикнати луѓето околу нас да бидат користољубиви, да се јавуваат само кога тие инаат корист и да го гледаат со завист секој кој има нешто повеќе од нив.

Жално е, но љубомората е широко меѓу луѓето, неа ја забележувам дури и во одделението. Наместо да уживаат и да се дружиме, ние децава зад грб едно со друго си зборувааме за тоа кој каков е, колку учи, како да се наклеветат и слични работи.

Мислам дека нивното однесување е слика на родителите. Ако тие се однесувале некогаш спрема некого така, тогаш и децата го примаат тоа и мислат дека е правилно. Мене татко ми ме учи  само да бидам благодарен, културен и да ги почитувам возрасните.

Да не ги гледам другите деца како предмет за искористување туку взаемно да си помагаат. Баш пред некој ден се случи нешто од што сите бевме изненадени. Јас имам вујко кој долги години живее и работи во Италија.

Се омажи млад, жена му веќе работеше таму, па и тој веднаш замина. Ете до ден денешен работат таму и имаат две деца. Како и сите иселеници и тие си доаѓаа дома двапати годишно. Земаат поголем одмор и го користат за да се видат со нас и да прошетаат.

Многупати и ние сме оделе кај нив фамилијарно. Евтини се авионските билети, па скоро за секој празник користиме да одиме кај нив. Е оваа година ни пропаднаа сите планови.

Како фати коронава, ни тие ни ние не можевме да одиме. Не смеат да се нафатат да дојдат за да не си направат поголем проблем, па одлучија и зимава да ја поминат таму. Најважно ни е здравјето, секако се гледаме преку интернет.

Тоа што ме изненади е подарокот што ни го испрати. Не очекувавме такво нешто. Откако почнав со онлајн наставата мораше моите родители да ми купат или таблет или компјутер, па заради помалиот трошок се одлучив за таблет.

Јас бев многу изненаден од потегот на вујко ми, ме остави без збориви. Без да знаеме на врата ни го донесоа пакетот. Кога го отворивме ќе заплачев од радост – вујко ми испратил лаптоп.

Како што досега немав ниту еден компјутер, ова за мене беше најголемиот подарок што некогаш сум го добил. Веднаш почнав да  кажувам како и за што ќе го користам, колку многу е “кул” поклонот и сега нема да се двојам од другите деца.

Но, тоа не беше сè, во друга помала кутија имаше спакуван нов телефон специјално за мене. Кога се слушнавме подоцна на интернет за да им кажеме дека немало потреба од скапи подароци, тој ни рече дека тоа ни било поклон за Нова година, наместо нивното присуство.

Подароци вредни илјада евра не добиваме секогаш и од секого. Малку ми беше срам затоа што сум тежок за прифаќање на скапи подароци, ама на крај па од вујко ми не се срамам, сега можел и ми купил.

Кога јас ќе можам нешто да купам или помогнам, тогаш и јас ќе го сторам истото за мој близок, без размислување. Сега барем на раат ќе си учам и пишувам. Изненадени сме од неговата дарежливост и благодарни сме до бескрај заради убавиот гест.

Мислам дека ќе му бидам должен до крајот на животот и никогаш нема да имам лице да се налутам или префрлам за нешто. Дури и мама беше изненадена од сето ова.

Loading...
Next Post

Доaѓaaт денови кои носат многу среќа и пари за овие хороскопски знаци

Секој астролошки период носи предизвици, но и убави моменти за хороскопските знаци. Но, одредени знаци имаат поголема среќа и наклонетост од планетите во одредени периоди. Доаѓаат убави денови за овие знаци. Рак Ова е интересен период за вас, драги Ракови. Од една страна се чувствувате возбудено за иднината и тоа […]