На Грција и се заканува бура, со ветрови од 180 км на час, какво ќе биде времето кај нас!

admin22
loading...

Грција во наредните денови може да биде погодена од хибридна бура „Медикејн“, а се стравува дека ударите на ветерот би можеле да достигнат и до 180 километри на час, со бранови високи 10 метри.

Ураганот што се формираше во Медитеранот опасно се приближува до крајбрежјето, а метеоролозите велат дека последиците од ударот на таквата бура можат да бидат многу сериозни.

„Во овој момент се формира многу опасна бура над Средоземното море, а нашите очитувања покажуваат дека ќе биде многу силна. Таквите бури ги нарекуваме „Медикејн“, или медитерански ураган – тврди метеорологот Александер Бјорн.

Тој вели дека пикот на невремето се очекува во четврток, односно петок, кога ветровите може да дуваат со брзина од 180 километри на час.

– На удар ќе се најдат Јонските острови (Крф, Кефалонија, Закинтос …), а на брегот ветерот ќе удри со брзина од 120 километри на час. Треба да се напомене дека се очекуваат и обилни врнежи, на моменти до 200 литри на метар квадратен. Таквите услови се погодни за создавање бранови високи до 10 метри – објаснува Бјорн.

Loading...
Next Post

ТОА СЕ САМО ТРИ: Хороскопските знаци кои секогаш го добиваат она што го сакаат

Постојат тврдоглави хороскопски знаци, и хороскопски знаци со голема среќа и такви кои работат ужасно напорно – заедничко за сите нив е што на крајот секогаш го добиваат она што го сакаат. Кога е лесно, кога со повеќе напор, но за овие 3 хороскопски знаци нема враќање назад и откажување […]