На неколку дена пред изборот на нов лидер на СДСМ се огласи и Максим Димитриевски

admin22
loading...

На 12-ти декември СДСМ да гласа за нов лидер, е предлог одлуката што ќе оди како предлог пред Централниот одбор на партијата, потврдил за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ. Датумот се поклопува со Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој исто така ќе се бира лидер на партијата.

Ваквиот предлог доаѓа откако по нешто помалку од три часа дебата Зоран Заев останал нa ставот дека се повлекува. Дебата се сели на Централниот одбор кој треба да ја одобри одлуката за нов лидер.

Според Статутот на партијата, предвиден е рок од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.

Инаку, постојат стравувања дека по повлекувањето на Заев партијата ќе влезе во фаза на партиски поделби, со оглед дека се најавуваат неколку кандидатури за партиски лидер.

Според партиски оценки прашање на време е колку ќе издржи владата предводена од СДСМ, без оглед дали ќе се зголеми парламентарното мнозинство.

До истекот на рокот беа доставени четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ, од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.

За некои изненадување за некои вистинска работа беше потегот на универзитетската професорка Фросина Ташевска Ременски кој прва ја поднесе кандидатурата за претседател. Таа е поранешната потпретседателка на СДСМ и поранешна техничка министерка за труд и социјала. Беше и пратеничка во претходниот парламентарен состав.

Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски веќе 25 години е дел од Социјалдемократскиот сојуз.

Во неколку наврати беше дел од највисоките партиски тела а со „Концептот 28“ што го приложил во склоп на неговата кандидатура вели дека ќе покаже дека и партијата но и државата можат да се обединат околу заедничка цел а тоа е благосостојбата на луѓето.

Димитар Ковачевски пак е заменик-министер за финансии и фаворит на актуелниот лидер Заев. Тоа стана јасно кога тој посредно го промовираше Ковачевски како свој наследник на средбите што ги имаа Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Долго време е член на СДСМ но досега не се експонираше многу во јавноста. Неговата програма „Заедно, одговорно и посветено“ ја базирал на три столба: социјал-демократска визија, економски раст, и фер шанса за најдобрите.

Со Заев сум партиски другар од самиот почеток. За него имам голема лична, етичка и политичка почит, со оглед дека тоа е човекот кој ги донесе најтешките одлуки за државата, благодарејќи на кој станавме членка на НАТО и се наоѓаме на чекор од почнување преговори со ЕУ, вели кандидатот за лидер на СДСМ и заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски во емисијата „24 анализа“.

Тој истакнува дека неговиот личен однос со премиерот Зоран Заев бил граден врз основа на вредности, принципи и искреност.

Во однос на релациите со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, Ковачевски вели дека ќе мораат да ги консолидираат редовите внатре.

-Секој член внатре да биде слушнат и неговото мислење да биде валидно и тој да види дека тоа се применува како пракса. СДСМ е голема партија и вообичаено кога ќе дојде на власт, голем дел од оние што биле дел од партиските тела, преземаат функции и се намалува нивната функција во партијата.

СДСМ треба да ги активира преку разговор и нов систем на активизам во партијата, сите оние кои станале пасивни во изминатите 4-5 години. Да ја отвори партијата кон експерти и луѓе и кои ќе предложат политики, по кои партијата ќе биде препознатлива, констатира Ковачевски.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања за изборот на лидер на СДСМ, им посака успех на кандидатите, додавајќи дека нема да коментира имиња, ниту пак ќе се меша во внатрепартиски постапки за избор на претседател.

Според Димитриевски, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е „да избира лидери кои се во сенка на поединци“.

– Во една прилика реков и повторно ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци, рече Димитриевски.

Loading...
Next Post

Тешки проблеми до крајот на годинава за oвие три хороскопски знаци

Декември, како последен месец од годината, е многу сложен. Потоа често ја преиспитуваме и анализираме целата година, што може да не стави во не многу убаво расположение. Со оглед на тоа што Нептун беше лансиран директно на почетокот на месецот, реалноста ќе уд ри тешко. Ако оваа година сте доживеале […]