Најчевска: Кого прави вудала градоначалникот на Центар?

admin
loading...

Професорката Мирјана Најчевска го сподели статусот од партијата чиј претседател е, „Трета“: КОГО ПРАВИ БУ ДАЛА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЦЕНТАР? – Граѓаните на Центар, Граѓаните на Скопје, Себеси ?

„Подолго време случувањата во Центар го покажуваат моралното пропаѓање на градоначалникот Богдановиќ со кој го навлекува гневот на граѓаните.

Незапирливата бетонизација, сечењето на дрвјата и шпанската серија околу 30-катниците пред Холидеј ин ја покажаа неефикасноста, тромоста и неспособноста во раководењето со општината.

Тривијално звучат неговите наивни оправдувања за овие случувања со горчлив вкус на веќе видено од Скопје 2014. Според плитката аргументација и недоветните објаснувања се повеќе заличува на втор Мерко.

Срамота е за еден градоначалник на најурбаната општина во Македонија и за неговата администрација после скоро 4 години управување да им се каже од Комисијата при Министерството за транспорт и врски дека главната грешка на

Општина Центар е што не го сменила планот толку време и дозволила тој да се реализира, и што после месеци и месеци подготовка ги утнале плановите за суспензија.

Да не докажеш штета на јавен интерес на место на кое се планираат 30-катници и каде ДУП-от не е усогласен со ГУП-от е врв на неспособност, некомпетентност, нестручност, аматеризам.

Или пак се во прашање некои други интереси, партиско-политички игри што инклинираат кон сомнежи за висока корупција и по цена на политичката кариера.

Ако со сечењето дрвја на Орце Николов градоначалникот Богдановиќ има доволно залиха да се самозапали на клада, тогаш со постапките околу висококатниците

може слободно да се забетонира во темелите и да остане во лошо сеќавање како градоначалник кој работи спротивно од потребите на граѓаните за здрава и хумана животна средина.

П.С. Пожарникарите на Град Скопје со новата скала вредна 1,7 милиони евра ќе може да интервенираат до 11 спрат.“

Loading...
Next Post

Убави вести - Германија во петок ги отвора границите

Одлуката на германските власти значи дека македонските државјани од петок 25 јуни ќе можат слободно да влегуваат на германска територија доколку се целосно вакцинирани без оглед на причината за патувањето. Германската влада од следниот петок ги укинува строгите ограничувања за влез на патници од трети земји надвор од ЕУ. Од […]