Најдобрите раце на светот ме спасија – Искрено сведоштво на излечена од коронавирусот

admin3
loading...

Доктор Жан Митрев го објаснува успешниот третман на лекување на тешко болните пациенти од корона вирус во Клиниката Жан Митрев.

– Благодарение на нашата долгорочна работа со тешко инфективни пациенти и пациенти во сепса, ние го модифициравме и применивме истиот пристап и кај овие пациенти.

Сите примени пациенти беа со изразена ковид инфекција. Нивните симптоми беа повеќе дневни, воглавно лекувани во домашни услови и во болнички услови. Нашиот концепт на лекување, е веднаш пристапуваме кон следење на инфективните параметри кои ги селектиравме како важни во периодот на прогностичкиот исход на пациентите.

Loading...

Кога тие ќе дојдат кај нас на база на овие параметри, кои ги следиме за секој пациент во лабораториски услови го одредуваме лафама-торниот индекс на пациентот. Ако тој расте и се влошува функцијата на плуќата знаеме дека исходот оди кон лошо, веднаш пациентите ги вклучуваме на екстрако-порална филт-рација со прочистување на крв-та во траење од 24 часа. Или некои пациенти кои доаѓаат во многу тешка состојба, тогаш тоа прочистување на крвта трае и подолго.

Уште едно сведоштво за успешно излекување од коронавирус во болницата на Жан Митрев:

“55-годиншната Б.К. со сите симптоми на инфекција од Ковид – 19 и позитивен брис, своето лекување го започнува во една од државните болници по што драстично и се влошува состојбата и одлучува да го продолжи лекувањето во Zan Mitrev Clinic.

-Само неколку дена од првите симптoми почуствував отежнување на дишањето и ми беше дијагностицирана пневмонија на двете белодробни крила. Бев хоспитализирана во државна болница каде и покрај дадената нега, мојата состојба брзо и драстично се влошуваше и дојде до нагло намалување на работата и капацитетот на белите дробови и зголемено оптеретување на срцето – вака го започнува сведочењето нашата пациентка која успешно закрепна и сакаше да го сподели своето искуство кое го имаше во нашата клиника.

По влошување на состојбата таа со болничко возило беше префрлена во нашата клиника каде започнува интензивното лекување.

– Состојбата во која се наоѓав беше тешка и животно загрозувачка. Веднаш бев ставена на машина за прочистување на крвта – веновенска хемодијафилтрација и кислородна подршка. Почувствував дека само по неколку тешки денови терапијата почна да делува, и параметрите кои беа сериозно надвор од сите граници почнаа да се враќаат во нормала, а дишањето кое иако се уште многу отежнато стана полесно.

Им се заблагодарувам на медицинскиот персонал за одличната нега која ми ја пружија. Особена благодарност кон физиотерпевтите кои при стабилизирање на мојата здраствена состојба, по филтрацијата, веднаш почнаа со вежби за зајакнување на белите дробови нивно постепено оптеретување се до степен каде повеќе не ми е потребна кислородна подршка.

Во клиникава се употребуваат најнови и модерни апарати за третман како на мускулатурата така и за полесно ослободување од насобраниот секрет во белите дробови, а третманите и лекувањето е персонализирано и испланирано за секој пациент посебно. Добив врвна нега во сите аспекти на моето лекување, бев под постојана контрола и проверка. Професионалните, љубезни и ведри доктори и сестри ми пружаа и психолошка подршка која во тие моменти ми дадоа сила да се изборам за живот.

Моето семејство беше постојано и редовно известувано за мојата здраствена состојба, но тие знаеа дека сум препуштена во најдобрите раце не само во нашата земја Македонија туку и во светот.

Изразувам длабока и искрена Благодарност кон доктор Жан Митрев не само за неговата професионалност и посветеност кон пациентите, туку и за градење на оваа Клиника и собирање на исклучително професионалниот персонал со кој спасил илјадници животи, а сега и мојот.

Им се заблагодарувам уште еднаш и им посакувам што повеќе сила за посветено работење и брзо наоѓање на стратегија за лекување на тешко болните од Ковид 19. Јас верувам дека тој треба само да ја следи божјата мисла која го пратила овде за да прави добро на својот народ. Бидете претпазливи, правете се да го намалите ризикот за ширење на Ковид 19 за да се заштите себеси и вашите најмили ! Ви посакувам здравје! Искрено, Б.К. – го завршува своето сведочење пацинетката.

Минатиот месец приватната болница „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10 отсто, додека од „Систина“ биле на став дека таквиот потег им е економски неисплатлив.

Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, по што од Жан Митрев најавија дека за пациенти што ќе се лекуваат со полуинтензивна нега, лекување во траење до 10 дена ќе чини 6 000 евра.

За пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде што биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10-дневно лекување ќе изнесува 8 000 евра.

Loading...
Next Post

Ване Цветанов: Ајде да видиме кој ќе му се приклучи на концептот на велепредавникот кој што избега во Будимпешта

Статус на Ване Цветанов: Постојат 2 концепти за иднината на Македонија: 1. Граѓански, односно мултиетнички концепт, 2. Националистички концепт кој што води до во -јна и поделба на државата. ТРЕТ КОНЦЕПТ НЕМА! Со рушење на мултиетничкиот концепт и со форсирање на националистичкиот концепт се занимава Велепредавникот кој што избега во Будимпешта. Ајде да […]