Најнови детали – Матеј Периш по излегувањето од клубот „Готик“ разговарал само со оваа личност

admin22
loading...

Снимките од објектот како плива во Сава одговараат на сигналот на мобилниот телефон на Матеј Периш.

Ова го соопшти белградската полиција, која на медиумите презентираше 10-минутна реконструкција на движењата на Матеј Периш на снимките од голем број надзорни камери и постојано нагласуваше дека единствениот контакт на Матеј бил обидот да се качи во такси и никој не трчал по него, ниту пак имало конфликт.

Разликата во времето на снимката во ресторанот „Сава Нова“ е затоа што часовникот не се менувал по летното сметање на времето, па се заклучува дека Матеј трчал еден час, но всушност неговото движење покриено со камери траело десетина минути.

Според реконструкцијата на белградската полиција, по излегувањето од клубoт „Готик“, Матеј истрчал полукружно низ улиците и надолу кон Сава во близина на ресторанот, додека движењето на објектот во Сава се совпаѓа со неговото пристигнување кај „Сава Нова“, како и сигналот на неговиот мобилен. Истиот објект е забележан на камерите кои ја покриваат реката низводно, точно на нивото на „Готик“.

-Полициски службеници прегледаа стотина часа материјал, снимки од сите надзорни камери од трасата на Периш и околината и врз основа на нив направија реконструкција на неговото движење, од моментот на излегување од правец на „Бетон сала“ во 1.43 часот до спуштањето кон Сава, во 1.52 часот, од каде му се губи секаква трага – се наведува во соопштението.

Врз основа на прегледот на сите снимки, јасно е дека Матеј, според српското МВР, по излегувањето од „Бетон сала“, освен со таксистот, не бил во контакт и не комуницирал со друго лице. Напоменуваат дека полицијата извршила разговор со него.

– Потенцираме дека во досегашната истрага, полицијата ги интервјуираше пријателите на Матеј кои вечерта беа со него, вработени во клубот, сите сведоци и дека врз основа на сите изјави, секоја можност на неговото исчезнување да му претходела конфликт или тепачки беше исклучен.

Министерството за внатрешни работи вчера се огласи во врска со исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, на кого секоја трага му се губи ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград.

Како што објаснил инспекторот, Матеј по излегувањето од белградскиот клуб „Готик“ имал контакт само со една личност.

Како што навеле, тој кратко разговарал со таксистот кој го запрел на улицата Караѓорѓе.

„Таксистот имал закажано возење и поради тоа не го примил Матеј во автомобилот. Пред и по него нема движење на лица ниту возила кои би довеле до било какви индиции дека станува збор за нешто насилно што се однесува до движењето на Матеј.

Исто така, Матеј не бил воочен во ниту еден друг дел од градот“, изјавил инспекторот од српското Министерство за внатрешни работи, па продолжил:

„Дојдовме до сознание дека пред него и после него нема никој кој би го бркал. Нема интеракција со други лица, освен со таксистот во чие такси се обидувал да влезе. И, тоа е единствената интеракција која ја имал според неговиот правец на движење“.

Да ве потсетиме, откако во јавноста протекоа видеата кои го покажуваат Матеј како се обидува да го запре такси возилото, коментарите на социјалните мрежи беа грозни, од тоа: „зошто не го качил во автомобилот, сега би бил жив“, до тоа „зошто таксистот би качил човек по кратки ракави во месец декември“.

Инспекторот на Министерството за внатрешни работи на Србија кој го презентирал и движењето на младото момче непосредно пред неговото исчезнување, објаснил поради која причина таксистот не го качил Матеј и така ги запрел шпекулациите за истиот.

Да ве потсетиме, пријателите на младото момче го пријавија неговото исчезнување на 31 декември во 18 часот, а според неговите зборови тие виделе дека го нема во околу 2 часот и 30 минути по полноќ.

Момчето од Сплит пристигнало во Србија за таму да ги помине новогодишните празници со своите пријатели. Критичниот ден со комби од Загреб пристигнале во Белград каде се сместиле во апартман, кој токму Матеј го резервирал на негово име.

Loading...
Next Post

Ги очекува невидена среќа: За овие знаци на Зодијакот 2022 ќе почне многу среќно

Иако некои планети се во ретроградно движење, првиот месец од годината ќе биде посебно среќен за овие 3 знаци: Месечината во знакот Близнаци ќе ви даде шанса да ги надминете овие проблеми. Во продолжение прочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат среќа почнувајќи од 13 јануари. Стрелец Стрелците ќе бидат […]