Нашата најпопуларна фолкерка со саканите се спакува и замина далеку од Македонија!

admin22
loading...

Фолк пејачката Сузана Гавазова од неодамна ја промени својата адреса на живееење, па од далечната Шведска реши да си се врати дома, во родната Македонија и заедно со сопругот и двете ќеркички да живеат во Скопје.

Струмичанката која беше една од најактуелните фолк пејачки на почетокот на 2000 – те години ја изненади јавноста кога пред шест години раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Стануваше збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – ни изјави таа веднаш по свршувачката.

Позната фолкерка Сузана Гавазова сними песна насловена „Празник на љубовта“, која ја посвети на сопругот Јасмин

Набргу ги добија и двете ќерки, Емили и Селена. Моментално семејството е на одмор, но блиски пријатели на пејачката ни ја потврдија веста дека остануваат да живеат во Скопје. Јасмин ќе се грижел за кариерата на Сузана, а веќе започнала и со настапи.

Уште додека живееше во странство, пејачката изјавуваше дека не успеала да се навикне и дека постојано посакува да биде на домашен терен, во својата земја.

Сега, бидејќи и се исполни посакуваната желба, таа почесто може да го гледа семејството, мајка си, татка си и сестрата, како и останатите блиски роднини, пријтели, колеги …

Фолк пејачката Сузана Гавазова, нема веќе трпение да се расправа со, како што вели, искомплексирани луѓе кои освен лоши коментари ништо друго не знаат да напишат.

Таа реши да се откачи од нив и да ги избрише од својот Фексбук профил, за да остави и простор на луѓе кои навистина ја почитуваат нејзината песна, секако и неа, имаат да кажат убави работи и да споделат убава енергија. Таа им нашиша:

-Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе..Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија. Сите негативни , препотентни, нечувствителни, безо-бразни и без-обзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни.

А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста.. Ви благодарам на убавите зборови,ве сакам,бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас, напиша таа!

Деновие Сузе со своите сакани, односно со фамилијата реши да се спакува и да замине во Шведска, државата каде што живееше одреден период.

Таа преку социјалните мрежи, пред се Инстаграм сподели моменти како ужива.

Loading...
Next Post

Филипче Венко: Ние не спиевме за да ја изменаџираме кризата, а овие ни правеа сопки на секој чекор

-Додека ние не спиевме за да ја менаџираме корона кризата, ВМРО-ДПМНЕ се будеше со идејата како политички да профитира, рече потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина на СДСМ во Гостивар. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во текот на најголемата здравствена и економска криза, што го зафати светот лажеше, креираше лажни […]