Молекуларни биолози од Кина, САД и Европа ги споредиле геномите на неколку десетина вируси најсродни на SARS-CoV-2.
Тие откриле дека неговите претходни облици се одвоиле од заедничкото еволутивно стебло на вирусот кај лилјаците прилично одамна, пред 40 до 70 години.
Тим на молекуларни биолози предводени од Дејвид Робертсон од Универзитетот во Единбург, ја анализирал еволутивната историја на претходните облици на вирусот SARS-CoV-2 со проучување на геномите на неколку десетна вируси кои биле најсродни. Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот Nature Microbiology.
Анализата покажала дека вирусите кои се сродни на SARS-CoV-2 живеат во лилјаците веќе неколку децении.
Тие вируси имаат заедничко потекло и способност да ги заразат клетките на цицачите, што го олесни нивното пренесување на луѓето, а тоа би можело повторно да се случи во иднина, истакнаа научниците.
До одвојување на претходните облици на SARS-CoV-2 од заедничкото еволутивно стеблона вируси помеѓу лилјаците на југот и југоистокот на Кина, дошло во период помеѓу 1948 и 1969 година, додека до одвојување на Ковид-19 и САРС патогените дошло подоцна, помеѓу 1952 година и 1970 година.
Резултатите од ова истражување укажуваат дека вирусите SARS-CoV-2 циркулираат во лилјаците на југот на Кина преку половина век, а нивната специфична структура, која им овозможува да се поврзуваат со рецептори на површината на клетките на белите дробови на неколку различни видови, објаснува зошто двата вируси ја заразиле човечката раса и предизвикале сериозни епидемии и респираторни инфекции.