Наум Петрески: Со Зуица секој ден си праиме салата и ракиичка

admin22
loading...

Зуица Лазова е една од нашите најпознати и најдобри пејачки во фолк музиката, и професор по хармоника во средното музичко училиште. Таа е сопруга на Наум Петрески и мајка на две деца.


Зуица беше гостинка во емисијата „Магазин“ на Тв Сител.

Таа раскажа дека е многу врзана за својот роден град Штип, и се уште оди таму да го посети братот, снаата, внукот и чичкото.

– Имавме навистина прекрасно детство, моите убаво не воспитуваа. Не се среќававме со пандемијата како денешниве деца.


Наум Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

На домашната сцена опстојува повеќе од 30 години, во неговата дискографија се испишани над 300 песни, а половина од нив веќе се класифицирани како вечни фолк-евергрини.


Сосема оправдано го носи епитетот златно грло, а деновиве во интервју за Бекстејџ зборуваше за улогата на дедо, а откри и како ја изненадил својата сопруга Зуица Лазова за роденденот.

„Уживам во улогата на дедо, навистина имам прекрасна внука и сакам да го минувам времето со неа, па додаде: „За роденден на Зуица и’ купив прстен со охридско бисерче, ја изненадив на свој начин“, заврши фолкерот.


Велат да се биде боем е привилегија, а токму таа привилегија ја има и легендата на народната музика, пејачот Наум Петревски, кој смета дека кај нас, за жал, многумина од луѓето не ја сфаќаат суштината на боемството и таквиот начин на живот.

„За жал, кај нас имаме погрешна формулација за боемството. Професијата не може да те направи боем или се раѓаш како таков или си нешто друго”, вели Петрески, кој истакна и дека боемите се вистинска реткост. Тие се ретки, бидејќи токму таквите, безгрижни луѓе тешко дека денес можат да се видат.


Тие поседуваат весел и слободен дух, пред се, се големи градители, уметници, музичари, поети”, вели Петревски, кој дефинитивно спаѓа во оваа ретка таргет група, а дека тоа е така тврдат и неговите пријатели кои не можат ниту една кафанска седенка да ја замислат без него.


Иако многумина можеби мислат дека на неговата сопруга, пејачката Зуица Лазова и пречи ваквиот начин на живот, Наум откри дека и неговата понежна половина е боем, но во женска верзија.

„На Зуица ниту еден ден не и поминува без ракија и салата, и таа е дел од нашите боемски дружби, заклучи доајенот на народната македонска музика.

Loading...
Next Post

Денови исполнети со среќа и радост доаѓаат за овие хороскопски знаци

Според астро-прогнозата, крајот на јули и почетоткот на август ги чека голема среќа овие хороскопски знаци: Рак Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. На работното место ќе […]