Не е Драгана од Скопје – Пике фатен со новата девојка, заради која се раздели со Шакира ФОТО

admin22
loading...

Шакира потврди дека раскинала со Жерар Пике.

“Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето”, изјавила пејачката, пренесуваат медиумите.

Двојката е заедно од 2011 година и се запознале на снимањето на видеото за нејзината песна Waka Waka за Светското првенство во 2010 година. Тие никогаш не се венчале, но добија два сина – Милан (9) и Саша (7).

Loading...

Гласините за проблеми во нивната врска продолжија кога се дозна дека славниот фудбалер се иселил од семејната куќа и се преселил во својот стан во Барселона, каде што живеел пред да ја запознае Шакира.

Според Ел Периодико, неколку соседи во зградата го виделе Пике како влегува и излегува од станот неколку пати во текот на изминатата недела, а наводно бил виден во ноќен живот со пријателката Рики Пуиг и група пријатели.

Истиот медиум тврди и дека колумбиската пејачка го фатила фудбалерот во кревет со друга жена, а очигледно не може и не сака да му прости. Поради тоа донеле одлука за развод, што изгледа не влијаела премногу на фудбалерот.

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се раздели со атрактивната пејачка Шакира пред два месеци, а како причина се споменуваше неверството на Шпанецот, кој не чекаше долго за да си најде нова девојка.

Пике наводно е во љубовна врска со 23-годишната студентка, Клара Чиа Марти, со која се запознал во неговата продукциска куќа „Космос“.

„Дејли Мејл“ пишува дека Пике и претходно имал состаноци со студентката, но засега нема потврда од страна на фудбалерот.

Новиот љубовен пар, наводно, бил фотографиран уште пред некој месец во Шведска, а тогаш медиумите се обидоа да дознаат за која девојка станува збор, но не успеаа.

Loading...
Next Post

НАЈКРАТКИОТ И НАЈСТРОГОТ ПОСТ ПОЧНУВА ВО НЕДЕЛА! Дури и да не постите, има едно нешто што МОРА ДА НАПРАВИТЕ!

Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Денеска почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка воочи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица. Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но […]