НЕМА КРАЈ: Нови проблеми за Македонците со бугарски пасоши

admin22
loading...

И покрај најавите на Бојко Борисов дека ќе се заострат условите за добивање бугарски документи, во Македонија се уште не запира трендот за вадење бугарски пасоши и тоа најчесто од егзистенцијални причини.

Бројките рушат рекорди, посебно во источниот дел од Македонија, а според неофицијални податоци тие се движат од 50.000 до 150.000 Македонци кои извадиле или имаат поднесено барање за бугарски пасош.

Само во Делчево повеќе од 70 % од жителите имаат двојно државјанство, а таму се наоѓаат и најголемиот број посредници преку кои можете да извадите бугарски документи.

Loading...

Овој тренд не запира, па така и оваа година се повеќе Македонци поднесуваат барање во соседна Бугарија за да ги извадат потребните „европски“ документи.

Нашите граѓани тоа најчесто го прават од егзистенцијални причини, а како што известуваше неодамна Дојче Веле на македонски јазик, Македонците биле „привилегирани“ во процесот за добивање на пасоши.

Како што изјави сведок кој неодамна ја обелодени корупциската шема во Агенцијата за Бугари во странство која што ја тресеше Бугарија, за Македонците да добијат сертификат за бугарско потекло тарифата била 1000 евра, додека за граѓани од Косово помеѓу 3000 и 5000 евра.

Врз основа на ваквиот сертификат за бугарско потекло и статус на постојан престој во Бугарија, наште граѓани можат да поднесат барање и по одреден период да го добијат својот пасош со кој можат слободно да патуваат и работат во Европа.

Проблемот е во тоа што тие користат фиктивни и лажни адреси, а сумите за да ги обезбедат истите се движат од 50 до 100 евра. Оваа појава најмасовно се случува во пограничните области, во Благоевград и Ќустендил, а во Агенцијата постоеле и тарифи за експресно добивање на пасоши, како и за услови за странци со муслимански имиња.

Поединците за услугата плаќаат од 300 до 500 евра, а тарифата за посредниците се движи околу 500 евра.

На ваков коруптивен начин илјадници странци во изминативе години станале Бугари, а Македонците го држат рекордот. Па така пред неколку месеци министерката за правда Цецка Цачева реферираше дека само од 2011 до 2016 преку 70.000 Македонци добиле бугарско државјанство.

ЕУ сака да запре продажбата на пасоши

Неодамна Европската комисија предупреди за ризикот што го носи тоа што некои ЕУ држави за пари даваат визи и пасоши.

Па така меѓу овие земји на самиот врв е и Бугарија која отворено продава државјанства, а со тоа истовремено продава и државјанство за цела Европа. Поради ова, во Бугарија беа уапсени двајца високи владини службеници кои за пари издавале лажни уверенија за бугарски потекло и со тоа овозможувале стекнување право на бугарски пасош.

Во исто време беше обвинет и поранешниот шеф на Агенцијата за Бугарите во странство. Тој големата измама ја организирал заедно со свој близок соработник, а Бугарските власти пред Европската комисија ветија дека ќе преземат мерки против корупција од ваков вид.

Но како што пишуваат аналитичарите, проблемот со трговијата со „Бугарските државјанства“ не се решава, туку истиот се користи за да се корумпираат политичарите и да се влијае на нив.

И покрај тоа што во Бугарија неодамна имаше апсења за издавање на пасоши на граѓани од Македонија, Украина, Молдавија и Албанија, многу наши граѓани се уште чекаат и се надеваат дека ќе извадат бугарски документи.

Во акцијата беа уапсени и неколку посредници од српските погранични градови, а во март годинава и францускиот медиум пишуваше за тоа дека Бугарија фабрикува лажни, но и опасни европски граѓани преку издавање на пасоши.

Но Македонците кои посредуваат при вадење бугарски пасош не се плашат дека ќе завршат во затвор или дека нивните клиенти ќе останат и без пари и без пасош.

Бугарија наводно презема мерки да се санкционира ваквиот процес, но според посредниците, оние што имаат исправни документи, како за потеклото, така и за престој, не би требало воопшто да бидат загрижени.

Можеби сега контролите ќе бидат поригорозни, но оние што ќе успеат да ги набават сите документи што се потребни, повторно ќе можат да извадат пасош.

Така барем не уверуваат посредниците од Македонија, а дека тоа е така и дека тие не се плашат дека би можеле да одговараат, кажува и фактот што на интернет се уште можете да најдете огласи во кои се нуди посредување за вадење на бугарски пасоши.

На огласот на кој што се јавивме, посредникот отворено не само што ни понуди и услуга за помош при постапка за добивање на државјанство (види ја сликата), туку ни понуди и адреси во Софија и регулирање на привремен престој во Бугарија.

Неодамна нашие медиуми објавија дека двајца граѓани на Македонија биле казнети за давање фалсификувани документи.

Тие во Министерството за внатрешни работи дале лажни декларации за престој во Бугарија, иако живееле во Македонија. Тие имале бугарски пасош, но документите им биле потребни за возачка дозвола со која би можеле да работат како шофери во земјите од Европската Унија.

Овие лица биле казнети со по 1000 лева (околу 500 евра), јави Бугарската телеграфска агенција, а пренесе Експрес.мк.

Од тука многу совесни граѓани си го поставуваат прашањето дали евтините трикови за добивање на бугарски пасоши полека замираат и дали наскоро можеме да очекуваме овој феномен целосно да исчезне?!

Владата во Бугарија веќе најави дека оваа практика не само што ќе запре, туку и ќе се оди еден чекор понатаму – ќе се преиспитуваат документите на тие што веќе се во процедура за да се види дали ги исполнуваат новите правила. Тие најавија крај на пазарот со бугарските државјанства, а дали граѓаните што веќе имаат бугарски пасош треба да бидат загрижени, одговорот и на ова прашање е потврден.

Ако ништо друго, тогаш барем затоа што тие за националистичките кругови во Бугарија не се само „Бугари под наводници“.

Loading...
Next Post

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Kога сте на гости не треба да ја оставате чашата до половина неиспиена

Ова се совети од народните верувања, а пораката гласи: кога сте на гости, пред да си заминете, никогаш не го оставајте до половина испиен пијалакот, бидејќи, според верувањето, на тој начин им се остава кавга во домот. ЕВЕ УШТЕ НЕКОЛКУ НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Не е добро да се пее за време […]